Home News Се шири како Овча сипаница – сите се загрижени по најновиот развој...

Се шири како Овча сипаница – сите се загрижени по најновиот развој на настаните со Делта сојот

Една од поновите американски студии, покажува дека Делта сојот може многу полесно да се пренесе, од другите варијанти на корона вирусот, па дури и да ја пробие заштитата што ја дава вакцината.




Откако по голем настан во американската сојузна држава Масачусетс изби зараза со корона вирус, почнаа истражувања за потеклото иширењето на инфекцијата. Сега е јасно – речиси три четвртини од заразените биле целосно вакцинирани.




По манифестациите во Барнстејбл се регистрирани 469 случаи на корона, од кои 74% кај лица кои биле целосно вакцинирани (примиле две дози од вакцината). Притоа, 133 случаи се анализирани детално и утврдено е дека кај 90% од нив има зараза со Делта сојот, се вели во студијата.




Количеството на вирусот кај инфицираните со Делта сојот било значително повисоко, а заразата полесна, се вели во интерната презентација на американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), чии делови објави весникот „Вашингтон пост“.




Мора „да се признае дека в ојната е променета“, стои на една од фолиите на презентацијата.

Делта сојот е заразен колку и овчите сипаници (варичела), смета ЦДЦ. Овчите сипаници можат да се пренесат преку воздухот на неколку метри оддалеченост.




Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, оцени дека студијата од Масачусетс предизвикува загриженост.

ЦДЦ во претходните денови ги прилагоди своите насоки за пандемијата соодветно на ширењето на Делта сојот и препорача повторно носење маски во многу затворени простории и за вакцинираните лица.




Сепак, ефикасноста на вакцините против Ковид-19 не се доведува во прашање. Вакцините, според ЦДЦ, пружаат и натамуголема заштита од тешко заболување и упокојување на заразените со Делта сојот.

Извор: Дојче Веле




Previous articleБил Гејтс за своите деца: Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат слобода да направат било што, но не и толку многу пари кои ќе им овозможат да не прават ништо
Next articleПроф. Даниловски: На Короната кај нас и „одѕвони“ – не сум за рестрикции