Home News Српскиот Министер Вулин лично дојде, заедно со хеликоптерите

Српскиот Министер Вулин лично дојде, заедно со хеликоптерите

Почна да пристига помош од соседите за нашата држава, по огнените стихии кои се случуваат на некоилку локации во земјата, изминатите два дена.




„Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и 4 хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата“, соопшти денеска министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски.




Тој изрази голема благодарност до Република Србија, оценувајќи дека повторно се покажала како сосед за пример, подавајќи ни рака кога ни е најтешко. Спасовски му се заблагодари и лично на Вулин за денешната посета на државава, додавајќи дека тоа многу значи за граѓаните.

Прочитајте и: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави до власта за пожарот во Кочани




„Особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани“, истакна Спасовски.




Во однос на моменталната состојба со пожарите, Спасовски порача дека ситуацијата будно се следи и безбедноста на граѓаните е највисок приоритет:




„Благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста при известувањето на медиумите, успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола.




И понатаму будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници.




Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет“, порача министерот за внатрешни работи.




Лидерот на српската партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ по овој повод на социјалните мрежи напиша:

„Во Македонија штотуку пристигнаа не само хеликоптерите туку и министерот за внатрешни работи на Република Србија Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ.




Со македонските официјални органи се разгледуваат можностите како најдобро да ѝ се помогне на Македонија во овие тешки моменти.“

Previous articleГори во близина на бензинска до граничниот премин Богородица (ФОТО)
Next articleТалат од Преспав ја покажа девојката (ФОТО)