Home News Стојанче вели дека го спасил Кочани, а еве што му порача новинарката...

Стојанче вели дека го спасил Кочани, а еве што му порача новинарката Јорданка

Вчера Кочани беше зафатен од силна огнена стихија, која со надчовечки напори на пожарникарите и на месното население, беше ставена под контрола.




Денес на прес, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објасни како се одвивала акцијата за ставање под контрола на ситуацијата. Ангелов вчера беше мета на критики, поради лошото споравување со новонастанатата состојба:




„Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.




Денес беше одлучено дека нема потеба од прогласување на кризна состојба на дел од територијата на земјава, но сепак будно се следи ситуацијата.

Според него, оваа одлука се должи поради тоа што претседателот Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени.




-Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти.

Сметам дека треба да бидам награден зошто го спасив Кочани, објасни Ангелов.




Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, упати остри критики на рабоатата на Стојанче Ангелов. Таа во статус на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

„Им вели овој на новинарите – ,,многу е тешко да се истурка проект за единствен call број 112, а зошто е тешко – истражувајте”.




Број да воведеш било мнооогу тешко, а новинари требало да истражуваат! А, он е дебело платен за да објасни на јавноста без да го праша некој, зошто пие кафиња и се слика, а нема уште ни број, камоли опрема!

Изгореа куќи, шуми, човек умре пред неколку месеци, овој уште држи прес конференции.




Овој ако го остават да меле уште малку пред камери, можеби ќе се самоув ие со керамида.

Пошто, заборавил дека го плаќа цела земја да менаџира кризи, а не да нè гњави со неговите приватни семејни проблеми. Нема проблем, веднаш еве – ќе заборавиме на нашите проблеми и ќе земеме да ги решаваме неговите емоционални и здравствени домашни ствари. Кочани…разбравте дека ве спасил?




Пошто, само он имал ,,стара и болна мајка”, никој друг нема во државава. И сега место да чуеме за што точно зема плата, треба да слушаме што му се случува по дома, док самиот вчера се фоткаше и се забављаше со Влатко Стефановски.

Да сакавме старлети, ќе ги изберевме Кардашијанс за директорки на ЦУК.




Ги користи медиумите за да упикува теми за семејни ствари кои јавноста не ја занимаат, а притоа за болни деца уште вртиме телефони за донации.

И да му се извините, немој да заборавите. И награда да му дадете.“




Previous article(ФОТО) Мицкоски објави слика со Александар Вучиќ и кажа што разговарале
Next articleСе огласи Слаѓан од болница: Згрешив што не се имунизирав, ги заразив и моите