Home News Хеликоптерите пристигнаа во Пехчево и веднаш се повлечени – Стојанче Ангелов ја...

Хеликоптерите пристигнаа во Пехчево и веднаш се повлечени – Стојанче Ангелов ја откри причината

Драматична станува ситуацијата во пехчевско-делчевскиот регион. Најкритична точка е кај селото Умлена. Огнената стихија е во дијаметар од 9км, а до овој момент се пеплосани околу 500хектари борова шума и нискостеблести растенија.




Повред ени нема, нема опожарени куќи, ниту стока, а местното население е евакуирано.

Непристапниот терен, ветрот и сувата вегетеција го отежнуват гасењето на огнената стихија. Засега нема опа сност пожарот да се прошири кон Делчево.




Над 250 припадници на арм ијата, Гранична полиција, вработени во општината и јавните претпријатија веќе трет ден се борат со пламените јазици.

Од рано утринава огнот се гаси и од воздух.И од оваа огнена стихија граѓаните бараат помош на социјалните мрежи.




„Има единици на армијата, пожарникари, имаме помош и од други градови со цистерни. Доаѓаат три цистерни од бугарија и доброволци.

Сите учествувавме во пожарот за да се стави крај. Нема куќи зап алено, нема уни штено стока. Се надевам дека така ќе остане и наредниот период. Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција„-изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.




Во меѓувреме пожарот кај кочанското планинско село Костин Дол делумно е локализиран.На терен и понатаму остануваат над стотина војн ици, пожарникари, доброволци, а на два пати се ангажирани и арми ски хеликоптери.

Веќе четрти ден е активен пожарот во месноста Погана во валандовскиот регион. Зафатена е површина од околу 800хектари ниско стеблеста шума. Покрај пожарникари од Валандова, огнената стихија се гаси и со екипи од Неготино, Гевгелија и Богданци. На пожарот ќе дејствуваат и армиски хеликоптери.




Пожарот во село Дренок, општина Ранковце е локализиран, но постои опасност од негово повторно активирање. Од вчера до денес во Дренок се изгорени 14куќи и едно школо.

Вчера во вечерните часови целосно е локализиран и пожарот во Гевргелија , кој доколку навреме не се изгаснеше постоеше оп асност да го проголта хотелот Фламинго, а и да се прошири на грчка територија. Изгорени се над 30хектари борова шума, како и едно тешко моторно возило на Гранична полиција.




„Во моментов имаме 10 активни пожари, од кои што неколку се сериозни, а другите се од средната категорија и некои каде што гори сува трева, ниско стеблести растенија, грмушки и се далеку од населението“, инфомира директорот на ЦУК, Стојанчев Ангелов за моменталната огнена стихија во земјава.
Според неговите зборови, во моментов најсериозно е во Македонски Брод.




„Таму ветерот го смени правецот и пожарот дојде во близина на едно село. Сериозен по жар имаме и во Пехчево, кој што преминува кон општина Берово. Овде штом се создадат услови, ќе бидат упатени 2 хеликоптери“, рече Ангелов за емисијата „Жешко политичко лето“.




Наместо да го гаснат пожарот во Пехчево, двата македонски и трите српски хеликоптери се враќаат назад. Ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои се загрозува животот на екипажот. Штом температурите ќе се намалат, хеликоптерите ќе се вратат, појасни Стојанче Ангелов директорот на ЦУК.




-Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура.

Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.




Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!, напиша Стојанче Ангелов на фејсбук.

Previous articleМинатата недела правев свадба и уште сум во шок – празни пликоа да донесеа ќе разберев ама ова е тешка БРУКА
Next articleВладата синоќа и утрово со две важни одлуки – ќе се даваат пари на оние кои учествуваа во гасењето на стихиите