Home Live По подолго време за ФОКУС се огласи Наум Петрески: Како птици ни...

По подолго време за ФОКУС се огласи Наум Петрески: Како птици ни летнаа младите по Светов

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Наум Петрески, настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.




Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.




Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.




На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.




-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.




Наум откако мерките олабавија, почна да објавува и инфорамации за своите нови настапи. На пример, на 9 јули тој  пееше заедно со неговата сопруга Зуица, во Куќа на уметноста, а на 10 јули настапи на уште едне убав настан.

Конецртот на 10 јули беше со наслов „За многу години Македонци“, и ќе се одржи во Куршумли Ан. Наум таму ќе пее со Синтезис, Виолета Томовска и повторно со неговата сопруга Зуица.




По подолга пауза, фолк пејачот Наум Петрески деновиве сними нова песна и видео запис за истата. Насловена е ,,Гнездо”, а како што појаснува за ,,Фокус”, гнездото ја претставува нашата држава Македонија.




-Главната тема во песната е тоа што ни избега младиот интелект од државата, како птици од гнездото. Ќе има и промоција на видеото на 11-ти август, во ресторан во Радожда, и сите пријатели се добредојдени – вели Петрески.




Околу тоа дали се работи за високобуџетен спот, музичарот одговара дека откако ќе го изгледаат видеото, гледачите самите нека проценат.

Музиката и текстот на песната се на Даме Коларовски, додека аранжманот е заеднички на Даме Коларовски и Димитар Кочев.




Во тек на пандемијата, Петрески често јавно се жалеше поради забраната за настапи и кризата во која падна дел од естрадата.

Лани, кога раскажа колкави финансиски загуби трпи поради рестрикциите, стана мета на напади и обвинувања од дел од јавноста, и актуелни беа пораките дека музичарите требало повеќе да штедат во времето кога имаа редовни настапи.




Сепак, и покрај тоа што се пожали на лошата финансиска состојба, тој ги донираше средствата кои Владата им ги одобри на естрадните уметници како помош во кризата.

Previous articleСе појави видео од противпожарното возило од Гевгелија
Next articleМКДЕНЕС: ВОЈВОДАТА Љубчо молчи за корка од Заев – нели цел живот се бори против српските интереси кај нас