Home News Се појави видео од противпожарното возило од Гевгелија

Се појави видео од противпожарното возило од Гевгелија

Нашата држава изминатите неколку денови се соочува со огнени стихии на повеќе локации, од кои најтешко за локализирање, беше онаа кај Кочани во понеделникот на 2 август.




-Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила. Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.




-Пред неполн месец имаше расправа за ребалансот на буџетот за 2021 година.

Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила.




Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа.

Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец.




Денес имаме пожари низ целата држава.

Нема пари за нови противпожарни возила, но има:

– 155 милиони денари повеќе за нови вработувања

– 144 милиони денари повеќе за набавка на мебел




– 17 милиони денари повеќе за набавка на возила.

Тотална неспособност! Тотално фијаско! Тотална недоговорност!

Што фативте – уништивте. Уште малку!, пишува Стојаноски во својата објава.




Познатиот сопственик на кафеани во Скопје, Јохан Елзесер, на својот профил на социјалните мрежи, објави видео од противпожарното возило кое се упатило да гасне по жар во Гевгелија. По слободна проценка, возилото е сигурно старо педесетина години:




„СМЕЈ ТЕ СЕ СМЕЈ ТЕ… После пожарот во Галичник и исмевањето за ПОЖАРНАТА која не можеше да се искачи на угорнината, поднесен е амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила.




Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатиле овој амандман, на моменти и се потсмевале… Вчера изгоре караулата на АРМ и едно полициско возило во Гевгелија (видеото е од вчера), напиша Јохан Елзесер на социјалните мрежи.




Во коментари, многумина прокоментираа дека е недозволиво во 21 век да се нема модерна опрема за справување со пожарите, но имаше и такви кои рекоа дека не е важно колку е старо возилото, туку дека е важно дали е исправно и дали си ја врши работата.

Previous articleТивко во сон – замина Мирослав Лазански
Next articleПо подолго време за ФОКУС се огласи Наум Петрески: Како птици ни летнаа младите по Светов