Home News Срби откриваат на кој премин да се влезе во Грција од Македонија:...

Срби откриваат на кој премин да се влезе во Грција од Македонија: Не што нема гужва, едвај најдовме цариник печати да ни удри

По состојбите завчера во Кочани, вчера го реше пламен во шумскиот појас на македонско-грчката граница, соопштија од Општина Гевгелија.




Попладнето, околу 13 часот, по жар избувнал во ридските предели крај автопатот на македонско-грчката граница. Пож арот е близу хотел „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“.




ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација беа на терен и презедоа мерки за локализирање на истиот..




Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафатил борова шума. Од страна на надлежните беа информирани и грчките пожарникари. Засега не се познати причините за настанување на елементарната непогода“, рекоа од општината.




Граничниот премин Богородица од синоќа по 20 часот е повторно отворен за сообраќај, откако попладнето на сила беше одлуката за затворање поради тоа што во шумата во негова близина избувна пож ар.




Пож арот што избувна во граничниот појас е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаја да ги скр отат плам ени те јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон граничниот премин, меѓу кои и бензински пумпи и казина.




Поради активноста на пожарникарите, беше исклучена електричната енергија во објектот на граничниот премин и тој беше привремено затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за пожарникарите да дејствуваат.




Денес, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Г.П. Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути.

Поголемо задржување е забележано и на ГП Ќафасан и ГП Богорoдица откако граничниот премин беше повторно отворен. Истиот претходно беше затворен поради пожар во близина. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




Во популарната група на фејсбук Live from Greece, членовите разменуваат информации од различен карактер, па и околу гужвите на граничните премини.

Вчера се појавија многу статуси во кои туристите загрижено прашуваа зошто се пренасочувани од страна на полицијата, накај граничниот премин Дојран. Потоа им беше објаснето за пож арот кај Богородица.




Денес, поради гужвата на Богородица, срби кои поминале на граничниот премин Меџитлија, близу Битола, им раскажаа на останатите членови дека гужва воопшто нема, па дури и дека чекале да дојде цариник да им удри печати и да крене рампа.




-Би ви го препорачал овој премин, особено ако одите накај Лефкада. За Халкидики е малку подалеку, а и патот не е толку добар, но гужва воопшто нема, напиша србин, член на групата.

Previous articleРасте бројот на нови случаи со вирусот, состојбата може да стане загрижувачка
Next articleТивко во сон – замина Мирослав Лазански