Home News Трифун Костовски: Со голем немир се обраќам до јавноста

Трифун Костовски: Со голем немир се обраќам до јавноста

Статус на Трифун Костовски: Со голем немир се обраќам до јавноста и до политичките партии, до кој степен го носат обичниот граѓанин во Република Македонија, да биде, што велат старите „сар дисан“.




Мегаломанските потреби на секоја Влада посебно во последните две децении е евидентна со најголем раст на буџетските трошоци..

Зголемувањето на буџетите на Владата и нивните ребаланси, се пракса којашто се применува без анализа дали тој буџет е вистински потребен во таков износ и кој го полни.




Евидентно е дека сите влади во последниве две децении ги зголемуваат годишните буџети без реална поткрепа на растот на домашно бруто националниот производ, туку за сметка на обичниот граѓанин се задолжуваат надвор, така да денес уште незачнато бебе доаѓа на овој свет со долг од цирка 6,000 евра.




Домаќински ќе биде да си ги пуштиме нозете толку колку ни е долга чергата. Чуму ни толку обемна Влада која поради својата гломазност е тотално неефикасна, чуму ни толку министерства, министри без ресурси и советници кои поради партиски заслуги ги плаќаме ние граѓаните.




Чуму партиските потреби и лукративните интереси да ги плаќа граѓанинот на Република Македонија. Капитални инвестиции нема на повидок во ниту една сфера.

Се прашувам, кога ќе завладее домаќинлакот во Република Македонија? Кога ќе научиме да го трошиме тоа што сме го спечалиле?




Зошто во изминативе три децении единствено нешто што е 100% реализирано се сите годишни владини буџети?, а од ветените проекти во земјоделството, сточарството, инфраструктурата, здравството, образованието, реализацијата е минорна.




Почитувани, запрашајте се зошто единствено буџетот е 100% искористен? Затоа што буџетот е најуниверзалното средство за креирање на девијантни појави од типот ми то, ко руп -ција и орган изиран кри M инал.




Замислете од осамостојувањето на Македонија до денес, буџетот на Владата на РМ е зголемен за 10 пати, а домашното БНД не ја надминува бројката од 30%. Барајте ја логиката, … нема логика … грав еж!




Previous articleМКДЕНЕС: ВОЈВОДАТА Љубчо молчи за корка од Заев – нели цел живот се бори против српските интереси кај нас
Next articleМинатата недела правев свадба и уште сум во шок – празни пликоа да донесеа ќе разберев ама ова е тешка БРУКА