Home News Жител на Пехчево постави видеа и слики од кои се гледа што...

Жител на Пехчево постави видеа и слики од кои се гледа што се случува – апелира за помош

Стојанче Ангелов, утрово во два статуси на социјалните мрежи, ги најави активностите за справување со стихијата во Пехчево.




-Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на општина Пехчево, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во статус на социјалните мрежи, додавајќи дека петте хеликоптери се подготвени..




Ангелов вчера најави дека хеликоптерите ќе дејствуваат врз пож-арот во Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот. Тој утринава нагласи дека има многу густ чад над местото на пож ар от.

Директорот на ЦУК напомена дека останатите хеликоптери ќе полетаат од скопскиот aеродром.




Во земјава се активни 10 пож ари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево, според последните информации од ЦУК.

„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот по жар.




Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пож арот како и процесот на гаснење од воздух.“

Подоцна тој напиша дека сепак, нема да се вклучува во живо. Предмалку Ангелов со нова објава:




„ТЕКОВНА ИНФОРМАЦИЈА. Откако утрово Владата, поради пож -арите кои ја зафатија РС Македонија, прогласи кризна состојба на територијата на државата во траење од 30 дена, за денес во 13.00 часот закажав седница на Главниот штаб за управување со кризи.




На седницата треба да донесеме Акциски план за справување со зголемениот број на по жа ри.

Веднаш потоа пред седиштето на ЦУК ќе одржиме прес конференција.

Во моментов заедно со директорите на БЈБ Сашо Тасевски и на ДЗС Беким Максути како и армискиот генерал Орце Јордев со полициски хеликоптер вршиме извидување над подрачјата зафатени со поголеми пожари заради непосредно запознавање со состојбата, подобра координација и носење одлуки во однос на приоритет за употреба на 5-те хеликоптери.“




Во меѓувреме, на социјалните мрежи, жители на Пехчево споделуваат слики и видеа од стихијата и упатуваат апели за помош.

Планинарот од Пехчево, Марјан Митриновски пред малку упати драматичен апел за помош од местото на пожарот во непосредна близина на Пехчево. Митриновски на својот Фејсбук профил напиша:




„Луѓе! По жарот во близина на Пехчево се шири на сите страни. По мо ш!!!“, проследено со неколку фотографии и видео-снимки на кои се гледа како гори густа борова шума.

Митриновски уште вчера извести за ширење на по жарот во пошироката околина на Пехчево, каде самиот учествуваше во гаснењето на огне ната стихија.




Според најновите податоци на Центарот за управување со кризи, во 13 часот по жарот се рашири во насока на селата Робово, Умлена и Чифлик, а на ширењето му погодува силниот ветер кој ги разгорува ог нените јаз ици.

Од ЦУК информираат дека на терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија.




ТУКА можете да ги видите фотографиите и видеата кои ги сподели Митриновски.

Previous articleНенад Јовановиќ: Од мултибитангизам што владееше во земјата 10 години, стигнавме Џо Бајден лично да ни се поклони за исчекорот напред
Next articleФранцускиот Претседател Макрон откри на кого ќе му треба трета доза