Home News Францускиот Претседател Макрон откри на кого ќе му треба трета доза

Францускиот Претседател Макрон откри на кого ќе му треба трета доза

Денес Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за мораториум на третата доза на вакцина продив ковид-19, велејќи дека Соединетите држави не треба да избираат помеѓу давање трета доза од вакцината на своите граѓани и донирање на вакцини на трети земји..




– Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и не мора да избираме помеѓу дополнително вакцинирање на Американците, што патем уште не е официјално предвидено, и помагање на сиромашните земји рече Џен Псаки – портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот кој СЗО го упати претходно.




Псаки потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји заедно.

САД уште немаат донесено одлука за дополнителна вакцинација, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред се за постарите граѓани.




СЗО во средата повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека на ранливите групи и повозрасните луѓе најверојатно ќе им треба трета доза на вакцина против Ковид-19, со што Париз и Берлин не се откажуваат од довакцинација и покрај предупредувањето од Светската здравствена организација.




– Веројатно ќе биде потребна трета доза, но не за сите веднаш, туку во секој случај за најранливите и највозрасните, изјави Макрон.

Неговата Влада се обидува да ја забрза програмата за вакцинација во Франција, бидејќи земјата се соочува со четвртиот бран на коронавирус и со улични протести против политиката за справување со Ковид-19.




Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика да се почека со довакцинација барем до крајот на септември.




Германија и Франција ќе продолжат со довакцинирање на населението од септември, игнорирајќи го повикот на СЗО да почекаат додека не се вакцинираат повеќе луѓе во светот.




Франција и Германија досега вакцинирале 64,5 проценти, односно 62 отсто од населението со барем една доза, додека 49 проценти од Французите и 53 отсто од Германците се ревакцинирани.




Previous articleЖител на Пехчево постави видеа и слики од кои се гледа што се случува – апелира за помош
Next articleПожapoт пеплoca cè нaoкoлy, но го зaoбиколи манacтиpoт (ВИДЕО)