Home News Ненад Јовановиќ: Од мултибитангизам што владееше во земјата 10 години, стигнавме Џо...

Ненад Јовановиќ: Од мултибитангизам што владееше во земјата 10 години, стигнавме Џо Бајден лично да ни се поклони за исчекорот напред

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, коментирајќи своја колумна во Слободен Печат, на својот профил на социјалните мрежи, напиша:




„(…) Од друга страна, отсекогаш сум сакал да проникнам во главата на еден просечен, десен гласач, оние, де, кои гласаат за таквите што малку знаат и ништо не разбираат!

Дали сега од мене тоа прави „салонски левичар“? Дали сега јас се „колнам“ во елитизмот и просветителството? Можеби да, а можеби и не..




Можеби, велам, не затоа што „елитизмот“ е нешто кое од тебе прави да се „одродуваш од народот“, туку затоа што ништо така не ја растури (и се уште ја растура) оваа земја како неукоста, десничарењето, фаш изац -ијата и следствено на тоа – популизмот!




Популизмот јавнат под доминација на крвавите десничари и популисти кои, ако добро се сеќавам на цитатот на Андреј Николаидис, кој рече (цитирам по сеќавање): во десницата се е лага, најискрени се единствено кога сакаат да ув ијат.




Простотилакот и дефамацијата на луѓе не е вродена особина, тоа мора јасно да го кажеме. Тоа се стекнува. Како се стекнува?

Така што се расте и се развива во опкружување во кое вие перманентно сте зближени со најсомнителните човечки пориви, од морални до интелектуални.




Погледајте ги тие практични примери околу кои денес се „крвиме“ на јавната сцена. Што им згреши Заев на тие скаменети фаци?

Им го реши спорот со Грците, од тешко болна земја не стави на магистралниот автопат напред, пред сите земји во регионот; ни покажа дека може да се носи со сите предизвици;




oд земја што беше заробена, огр абе -на, амо рална, компромитирана, ја сврте за 180 степени: светот нѐ призна, ни го честита успехот и влезот во најмоќната западна алијанса на светот, а тоа е НАТО.




Од мултибитангизам што владееше во земјата цела една декада, лично претседателот на Америка Џо Бајден ни се поклони и ни го уважи трудот и способноста за исчекор напред.




Previous articleФОКУС ја раскажа приказната за Фапот на кој цела Македонија му се изнасмеа
Next articleЖител на Пехчево постави видеа и слики од кои се гледа што се случува – апелира за помош