Home News По шоkoт кој стигна од Барса, еве каде најверојатно ќе продолжи бравурозниот...

По шоkoт кој стигна од Барса, еве каде најверојатно ќе продолжи бравурозниот Меси

По денешното шоkантното сооштение на Барселона за заминувањето на Лионел Меси детонираше фудбалски земјотрес ширум Европа, а главното прашање сега е – каде аргентинскиот генијалец ќе ја продолжи кариерата.




Јасно е дека секој клуб во светот сонува да го доведе Меси во своите редови, но реалноста вели дека само два европски гиганти можат без никакви проблеми да си го дозволат овој мегатрансфер.

Случајно или не, двата имаат арапски мултимилијардери за газди, а во двата Меси има по еден добар пријател со кого во минатото беспрекорно соработувал.




Првиот е Манчестер Сити, актуелниот првак на Англија кој на својата клупа го има Пеп Гвардиола. Каталонскиот стратег имаше беспрекорна соработка со Меси додека ја водеше Барселона, а токму Сити беше клубот што важеше за главен фаворит за потпис на Аргентинецот минатото лето, кога тој беше во војна со тогашната управа на Барселона.




Тогаш Барселона не го пушти да си замине, но сега тој е слободен играч и без никаква отштета ќе може да ја избере следната дестинација во својата богата со успеси и трофеи, кариера.




Сити веќе го договори мегатрансферот на Грилиш, но сега кога Меси е достапен на пазарот Гвардиола би можел да се откаже од Хари Кејн и наместо него да го доведе својот поранешен „пулен“ во Манчестер.




Покрај Манчестер Сити, во игра за потписот на најдобриот фудбалер на денешницата е уште и ПСЖ. Францускиот клуб низ годините не жалеше пари на мегазасилувања, а сега кога Меси е достапен без отштета нема сомнеж дека „светците“ ќе испратат сериозна понуда.




Значаен адут во преговориет ќе им биде Нејмар, кој е одличен пријаел со Лео и кој во изминатите месеци наголемо го наговараше на трансфер на „Паркот на принцовите“.




Тогаш се чинеше дека Меси сигурно останува во Барса, но сега кога е јасно дека тоа нема да се случи, Нејмар и претседателот Ал Келаифи ќе сторат се за да го доведат во Париз.




Трката може да почне, но едно е сигурно, таа нема да биде многу долга бидејќи веќе е почеток на месец август, а на клубовите им се брза за што поскоро да ги доведат посакуваните засилувања.




Previous articleВо САД состојбата со вирусот се усложнува – најголем број нови случаи во државите каде гувернери се Републиканци
Next articleТрифун Костовски се огласи и имаше што да му порача на Стојанче Ангелов