Home Live Пожapoт пеплoca cè нaoкoлy, но го зaoбиколи манacтиpoт (ВИДЕО)

Пожapoт пеплoca cè нaoкoлy, но го зaoбиколи манacтиpoт (ВИДЕО)

Сотојбата со пожарите кај нас ескалираше изминатите три дена, најпрво во Кочани, вчера во Кумановско и Делчевско, а денес и во Скопско.




Но пожарите не се присутни само кај нас. Турскиот Претседател Ердоган денес изјави дека вакво нешто на Турција во поновата историја не и се случило..

Слично е во Италија, во Хрватска, Косово, Бугарија и Грција. Токму во Грција, се случи чудо на грчкиот остров Евиа, пожарот го заобиколи манастирот, а се наоколу пеплоса.




Група монаси од манастирот Свети Давид не сакаа да се евакуираат, иако пожарот беше опасно близу до манастирот.

Старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума и дека огнот го опколил манастирот.




Се гушиме од чадот, ова е кош мар, рече манастирскиот старешина.

Но вчера се случи вистинско чудо. Имено, на Фејсбук беше објавено дека е спасен Манастирот Свети Давид.

Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект!




Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена.

Се случи чудо во Евиа, пожарот го заобиколи манастирот, а се наоколу пеплоса. Група монаси од манастирот Свети Давид не сакаа да се евакуираат, иако пожарот беше опасно близу до манастирот.




Старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума и дека огнот го опколил манастирот.




Се гушиме од чадот, ова е кош -мар, рече манастирскиот старешина.

Но вчера на Фејсбук беше објавено дека е спасен Манастирот Свети Давид.




Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект!




Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена, пренесува порталот Маркукуле.

Previous articleФранцускиот Претседател Макрон откри на кого ќе му треба трета доза
Next articleВо САД состојбата со вирусот се усложнува – најголем број нови случаи во државите каде гувернери се Републиканци