Home News Стојанче Ангелов со еден од хеликоптерите полета за Пехчево – најави вклучување...

Стојанче Ангелов со еден од хеликоптерите полета за Пехчево – најави вклучување во живо (ВИДЕО)

На синоќешниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација со пож арите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп.




– Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожа рот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот Топлица – Ракле – Никодин сѐ уште е активен.




Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско.




На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот сѐ со цел да се укаже помош.




Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување – посочи градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.




Сепак, најк-ритично во изминатото деноноќие е во регионот околу Пехчево. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово во два статуси на социјалните мрежи, ги најави активностите за справување со оваа стихија.




-Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на општина Пехчево, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во статус на социјалните мрежи, додавајќи дека петте хеликоптери се подготвени.




Ангелов вчера најави дека хеликоптерите ќе дејствуваат врз пож-арот во Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот. Тој утринава нагласи дека има многу густ чад над местото на пож арот.

Директорот на ЦУК напомена дека останатите хеликоптери ќе полетаат од скопскиот aеродром.




Во земјава се активни 10 пож ари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево, според последните информации од ЦУК.

„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот по жар.




Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пож арот како и процесот на гаснење од воздух.“

Previous articleВладата синоќа и утрово со две важни одлуки – ќе се даваат пари на оние кои учествуваа во гасењето на стихиите
Next articleФилипче промовираше апликација за имунизираните (ФОТО)