Home News Владата синоќа и утрово со две важни одлуки – ќе се даваат...

Владата синоќа и утрово со две важни одлуки – ќе се даваат пари на оние кои учествуваа во гасењето на стихиите

Премиерот Зоран Заев синоќа информираше дека како Влада го прифатиле предлогот на Управувачкиот комитет, за прогласување кризна состојба на територијата на Македонија, поради големиот број пожари.




-Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на управувачкиот комитет, а утре сабајле во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката, изјавил Заев за ТВ21.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва информираше дека е предложено до Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.




-Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија)







(министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да предложи до владата прогласување на кризна состојба на територијата на земјава, напиша Ангелов на Фејсбук.




Владата на синоќешната седница, на предлог на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој донесе Одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 година со која ќе се додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата.




Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска интернет врска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски




ги информираше своите колеги и колешки од Владата за состојбата со пожари во државата, потенцирајќи дека безбедноста на граѓаните останува приоритет и информирајќи подетално за помошта која ја нудат соседни и пријателски земји за гасење на пожарите во Република Северна Македонија.




Владата донесе заклучоци и тоа:

– го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) за обезбедување на сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат со санирање на пожарите.




– да се обезбедат податоци за прифаќање на техничка помош и помош во работна сила за обновување на објектите кои претрпеле штети при пожарите, понудена од Швајцарската Конфедерација.

Previous articleХеликоптерите пристигнаа во Пехчево и веднаш се повлечени – Стојанче Ангелов ја откри причината
Next articleСтојанче Ангелов со еден од хеликоптерите полета за Пехчево – најави вклучување во живо (ВИДЕО)