Home News Фросина Ременски која е од тој предел, објаснува зошто е тешко да...

Фросина Ременски која е од тој предел, објаснува зошто е тешко да се смири стихијата во Беровско

Поранешната министерка во преодната Влада, потоа пратеник и потпретседател на Парламентот и потпретседател на СДСМ, Фросина Ременски, која потекнува од Беровско Ратево, објаснува зошто е толку тешко да се смири стихијата во нивниот крај.




Таа во статус на својот профил на социјалните мрежи, денес напиша:

Најубави се боровите планини – убавина, извор на кислород, лад, плодови и лек. Малешевскиот крај е синоним за таа убава – швајцарска убавина велат. Точно..




Фоф гората бриците са садени од генерации наши татковци, дедовци, парадедовци. Живееле со нив и за нив. Нема Малешевка која не знае да го подготви далеку познатиот и баран боров мед. Да не зборувам за боровиот мед од диви пцели од тулишта по боровите планини.




Тука се стадата овци – оние малкуте стада што сеуште ги чуваат вредни луѓе. Далеку познато е овчото сирење од сточарските села Црник, Чифлик, Митрашинци преку Будинарци, Умлена, Робово, преку Смојмирово, па се’ до Владимирово, Русиново до нашето село Ратево.




Таа убавина треба и мора да се чува како зеницата во окото, зошто од него и за него живеат овие мали убави села и градови со вреден и храбар народ!

Малешевци ќе ги одбранат селата верувам во тоа. Ја бранеа и Македенија кога многумина дезертираа!




Бог да им помогне во тоа, и на сите луѓе кои пожртвувано гаснат пожари низ нашата убава Македонија. Но, Малешевци знаат дека, најтежок за гаснење е пожар во боров предел. Зошто?

Затоа што тие живеат и дишат со него, му го знаат карактерот, сличен на нивниот. Пламнува и тешко се гаси…




За тие што не знаат …, во Малешевијата фоф гората нема и никогаш немало “хепо коцки”. Има “борна” – делче од срцето на боровото дрво. Една мала борна може да рапали оган од трупци, а не од дрвени трески.

Кога ќе се запали борово дрво тоа гори со најсилен интензитет, развива многу висока температура и многу тешко се гасне.




А запалените шишарки летаат ☄ и до 30 метри во правец на ветерот и огнената стихија. Затоа пожарот бргу се шири!

Подолу е слика од сателитска снимка во моментот на Делчевско-Пехчевскиот пожар. Правецот на ветерот  е северозапад – различен од југозападниот вчера!




Благодарност до сите земји кои даваат помош во гаснењето на пожарите.

Австријските пожарникари се во нивна природна (борова) средина и верувам дека знаат како да ја насочуваат акцијата на терен заедно со сите Малешевци на терен. Поклон до сите луѓе на терен и Бог нека е со вас.“




Previous articleПознатиот епидемиолог предлага да се раздвојат имунизираните од неимунизираните деца во училиштата
Next articleГабриела Арсова од Берово: Дајте информации како да се пазиме, ако не стигнат пожарите, доцна ќе е