Home News Габриела Арсова од Берово: Дајте информации како да се пазиме, ако не...

Габриела Арсова од Берово: Дајте информации како да се пазиме, ако не стигнат пожарите, доцна ќе е

Најнова информација од пред половина час, која ја сподели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е дека е критично околу селото Будинарци, но дека истото било обезбедено со тампон зона:




„Пожарот во реонот на Пехчево се префрли и во беровско, моментално гори борова шума над с. Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема.

Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецоот и сега огнот почна да се одалечува од селото.




Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со 9 цистерни како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми.




Во целиот овој регион се концетрирани уште многу сили а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот.“

На социјалните мрежи, денес цел ден реагираат граѓаните, но и сопствениците на компании од беровскиот регион.




Габриела Арсова Милошевска е сопственик на компанија за преработка на сливи. Таа денес во неколку наврати информираше за ситуацијата во околината на Берово.

„Луѓе, дајте информации до населението, компаниите како да се претпазиме, што треба да се прави… ако не стигнат пожарите доцна ќе е…а веќе стигнаа до околните села“, напиша Арсова во една објава.




Во својата последна објава, Арсова информира дека Берово е најверојатно спасено од стихијата

„Изгледа се спасивме Берово… го локализираа Мачево, но гледам останати жарчиња светкаат ко светилки…веројатно не се опасност…




Полно е словенци, австријци, војска, месно население, полиција…но Будинарци е опколено со оган од сите страни… тешка ноќ ги чека…“

На неколку места во земјава пожарите се изгасени, но како што се гасат тие повторно се разгоруваат. Таква е ситуацијата со пожарот кај Свети Николе и со пожарот кај Кокино, велат од Центарот за управување со кризи, информирајќи за актуелната состојба со пожарите во земјава.




Во Свети Николе, како што посочи Горан Стојановски од Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран, но останува дел од Кадрифаково поради низинскиот дел и ветерот што го разнесува во сите правци.




„Сето тоа што ќе се изгаси повторно се разгорува. Одите 20 метри, гасите, се завртувате и повторно го гледате истото жариште, така што исклучително е тешко да се гаси на таков простор.

Но и таму има концентрирано над 80 луѓе кои во моментот гасат и дејствуваат.




Оној на страната на Штип – Криви Дол и Добришани е изгаснат комплетно“, рече Стојановски.

Previous articleФросина Ременски која е од тој предел, објаснува зошто е тешко да се смири стихијата во Беровско
Next articleВо недела е голем Христијански празник – во Кисела Вода се наоѓа црквата посветена на Света Петка