Home News Познатиот производител се пофали: Нашата вакцина е 93 проценти ефикасна, 6 месеци...

Познатиот производител се пофали: Нашата вакцина е 93 проценти ефикасна, 6 месеци по втората доза

Вакцините работат, вакцините штитат, особено од симптоматска болест и хос питализација. Ова е веќе докажано, особено во земјите со висок процент на имунизираност на населението.




Затоа и главните кампањи на здравствените работници, имунолозите и епидемиолозите, во сите земји од Светот, е да го убедат населението да се имунизира во пшто поголем процент, како би се достигнал прагот на колективен имунитет.




Модерна објави дека нејзината вакцина против ковид-19 e ефикасна околу 93 проценти шест месеци по втората доза, со што речиси нема никаква промена од пријавената 94% ефикасност во првичното клиничко испитување.




Сепак, податоците не го вклучуваат ефектот на вакцината против позаразната делта варијанта на коронавирусот, што предизвика пораст на заразените меѓу невакцинираните лица.




Податоците на Модерна се подобри во споредба со податоците објавени од Фајзер и Бионтек минатата недела, во кои тие велат дека ефикасноста на нивната вакцина опаѓа околу 6% на секои два месеци, намалувајќи се на околу 84% шест месеци по втората доза.




Со оглед на влијанието на делта варијантата и очекувањата дека заштитните антитела ќе ослабнат, компанијата вели дека се очекува оваа зима да бидат потребни бустери.

„Нашата вакцина против ковид-19 покажа трајна ефикасност од 93% во текот на шест месеци, но согледувајќи дека делта варијантата е значајна нова закана, мора да останеме будни“, рече извршниот директор на Модерна Стефан Бансел.




Модерна, заедно со Фајзер и Бионтек, кои произведуваат слични вакцини од иРНК технологија, се залага за бустери иако службениците од јавното здравство повикуваат на повеќе докази за тоа дали е потребна довакцинација.




Делта варијантата која брзо се шири сега е доминантна во многу земји и предизвика зголемување на хоспитализациите и зголемување на бројот на смртни случаи кај оние кои не се вакцинирани..

Претседателот Стивен Хог во интервју рече дека податоците за ефикасноста од 93 проценти се однесуваат на периодот до март оваа година.




„Се чини дека имаме долгорочна ефикасност“, рече Хог. „Но, во моментов не знаеме што се случува со делта варијантата, особено кога станува збор за експлозијата на случаите во јуни и јули“.




Previous articleСлави мисли дека треба да се гледа прво својата куќа, а потоа комшивските
Next articleЗаев, ја избричи брадата, или му објавуваат стари слики? (ФОТО)