Home News Се чини тргна новиот бран, но министерот Филипче открива колку е мал...

Се чини тргна новиот бран, но министерот Филипче открива колку е мал бројот на позитивни од имунизираните

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19:




Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.




Пријавено е едно поч -инато лице од Битола (55г), упокоено во болнички услови.

Направени се 5.959 тестови преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–67, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5,




ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-502, Биотек-329, Систина-72, лабораторија Лаор-763, Синлаб-66, Ремедика-10, Плодност–44, Генеа–1, Никоб лаб-993, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480.




Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на поч инати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.




Исклучиво со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на SarsCov 2. Фактите од спроведените анализи на новодијагностицираните пациенти кажуваат дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал.




Само 10% од активните 809 случаи во јули се заразиле по извршена комплетна вакцинација. Заклучно со 5 август од 416.614 вкупно вакцинирани со две дози, само 167 лица се заразиле по примената втора доза, а само 11 од нив биле хоспитализирани.




Помеѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астра Зенека, Спутник В, Фајзер, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите.




Повикувам на тоа сите кои досега не сте го направиле тоа, да го посетите регионалниот Здравствен дом во општината во која живеете и да се вакцинирате во најскоро време.

Сега е многу важно да се зголеми интересот за вакцинација, затоа што само на овој начин ќе успееме да го поразиме вирусот.




Во нашата земја се уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта сојот, како во светот така и во регинот многу брзо истиот може да се прошири и кај нас.




Previous articleПроговори избрканиот од работа д-р Гроздановски
Next articleПознатиот епидемиолог предлага да се раздвојат имунизираните од неимунизираните деца во училиштата