Home News Слави мисли дека треба да се гледа прво својата куќа, а потоа...

Слави мисли дека треба да се гледа прво својата куќа, а потоа комшивските

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пож ари. Помошта дојде еден ден откако во пожар из гореа повеќе од 100 куќи и деловни објекти во близина на грчката престолнина Атина.




Со чамци беше извршена евакуација на луѓето на островот Евија поради обилниот чад поради шумските пожари, а тројца пожарникари беа по вреде -ни, додека пожарникарите на другите места се бореа да ги задржат пламените јазици..




Околу 85 луѓе беа однесени на плажа и евакуирани со пет чамци, а околу 150 куќи беа ун ишт -ени на островот. Околу 100 пожарникари, со седум хеликоптери и противпожарни авиони, се бореа со пожарот, соопштија претставници на цивилната заштита.




Шефот на Цивилната заштита, Никос Хардалијас, рече дека во последните 24 часа избувнале 118 пожари и предупреди дека може да дојдат уште по лоши денови за пожарникарите кои работат под голем притисок.




-Вложуваме титански напори на многу полиња. Според нашите прогнози, утре исто така се очекува да биде тежок ден.

Најтешкиот дел е пред нас, следните денови и недели ќе бидат уште потешки. Нашата клучна цел е да ги заштитиме човечките животи, изјави тој пред новинарите, пишува „Катимерини“.




Во нашата земја помош стигна од Словенија, Бугарија, Србија и други земји. Но, лидерот на партијата која во Бугарија се очекува деновиве да формира Влада, има поинакво мислење.

Слави Трифонов не се согласува со одлуката на бугарската влада да испрати помош во Македонија за справување со пожарите.




Првиот човек на партијата која освои најмногу гласови на повторените парламентарни избори во Бугарија вели дека е добро што неговата држава ѝ помага на Македонија, но нагласува дека земјата нема доволно капацитети за да се справи со пожарите дома.




-Прекрасно е да се биде солидарен, добар и да се помага. Но, јас не мислам дека кога во исто време вашата куќа и куќата на вашиот сосед се во пламен не треба да одите и да ја гасите куќата на соседот, напиша Трифонов на Фејсбук.

Македонските власти веќе добија помош од членките на Европската Унија – Словенија, Шведска, Франција, Австрија и Бугарија, а надвор од Унијата тоа го стори и Србија.




Тој во својата објава на Фејсбук нагласи и дека во вчерашниот пожар во регионот на Благоевград загинале двајца службеници на горските служби и дека Бугарија нема авиони за гаснење пожари.

Трифонов инсистира на тоа дека Бугарија мора веднаш да побара помош од Европската Унија.




Previous articleТрифун Костовски се огласи и имаше што да му порача на Стојанче Ангелов
Next articleПознатиот производител се пофали: Нашата вакцина е 93 проценти ефикасна, 6 месеци по втората доза