Home News Трифун Костовски се огласи и имаше што да му порача на Стојанче...

Трифун Костовски се огласи и имаше што да му порача на Стојанче Ангелов

Како што соопштија вчера на прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговите соработници, за само неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето.




На терен моментно се околу 300 војници од Армијата, а максимално се ангажирани и сите материјални ресурси.

Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.




-Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со по жарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани, истакна Стојановски.




Најновите податоци велат дека и натаму најризични се Делчевско – Пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари.

Ангелов апелираше граѓаните да се евакуираат ако случајно се најдат на место на пожар.




-Состојбата се менува од минута во минута, а сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесоа за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта, рече директорот на ЦУК.

Вчера на својот профил на социјалните мрежи, развојот на настаните со огнените стихии го прокоментира Трифун Костовски.

„Во Република Македонија, се практикуваат две нешта по што сметам дека сме уникатни:




Среде зима сме изненадени од паѓањето на снегот и службите коишто треба да го превенираат овој настан се неспремни.

Паметиме во првата декада од овој век дека поради силни снегови 30% од македонските села во западниот и источниот дел на Македонија беа завеани и отсечени во своите комуникации.




Ваквото правило на изненадување ни се случува и во лето, кога сме повторно неспремни кога треба да го дочекаме очекуваното жешко лето со можни пожари и доаѓаме до фактот дека во летните пожари не можеме да интервенираме, бидејќи постоечката механизација од ертрактори и авиони не е во функција.




Замислете, крај на Јули, почеток на Август, нефункционална опрема, несервисирана, со еден збор комплетно несериозен приод.

Противпожарните бригади коишто постојат во сите урбани средини ниту од далеку не можат да се справат со оваа стихија.




Впрочем противпожарните бригади се наменети исклучиво за решавањето на пожарите во урбаните средини. Агенцијата за справување со кризи, предводена од актуелниот директор Стојанчо Ангелов треба веднаш да си даде оставка со целиот раководен тим..




Најголема грешка во Македонија што оваа многу сериозна институција за справување со елементарни непогоди не е ставена под капата на АРМ, туку е ставена под капата на политичарите и МВР.

Зошто ова го велам, затоа што во армијата само најдобрите успеваат, а во полицијата само најлојалните на лидерот. Вие размислете.“




Previous articleПо шоkoт кој стигна од Барса, еве каде најверојатно ќе продолжи бравурозниот Меси
Next articleСлави мисли дека треба да се гледа прво својата куќа, а потоа комшивските