Home Live Во недела е голем Христијански празник – во Кисела Вода се наоѓа...

Во недела е голем Христијански празник – во Кисела Вода се наоѓа црквата посветена на Света Петка

На 8 август се празнува Света Петка – Летна. Света Петка е христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина, Кисела Вода.




За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930). Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3-09-1923-та година. Црквата е градена според традиционалниот византиски стил.




Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Света Петка била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани.




Таа живела со нив до нивната см рт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.




Преподобна мајка и чудотворка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.




Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.




Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…
Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност.

Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври.




Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка.




Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настр адала за верата Христова за време на царувањето на Антонин.

На тој ден се избегнува да е работата тешки работи на нива и дома.




Порано жените верувале дека на тој ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.




Најважно на овој, како и на сите останати Христијански празници е да се оди во храмот и да се присуствува на литургијата.

Оние кои се спремни, со пост, исповед и Благослов од духовен отец, се причестуваат со Светите Тајни.

Previous articleГабриела Арсова од Берово: Дајте информации како да се пазиме, ако не стигнат пожарите, доцна ќе е
Next articleБитолскиот професор: Врвот во овој бран ќе биде многу висок и ќе се достигне многу брзо