Македонија деновиве се бори со незапамтени огн нени стихии, на повеќе реони во државата. Најкритично изминативе денови беше во Кочани, Кумановски, Пехчево, а вчера и во скопскиот регион.
На социјалните мрежи денес, се појавија фотографии (најдолу во тестот), од функционери, меѓу кои и премиерот Заев, за кои се тврди дека се на одмор, во време кога земјата се соочува со ризикот кој го носат пожарите..
Од Владата потврдуваат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.
Сепак, уверуваат дека Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.
Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.
Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.
Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.
Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски.
Министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.
Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства
и надлежни институции.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографии од министерот за Правда, Бојан Маричиќ и од премиерот на македонската Влада, Зоран Заев.
Сепак, на сликата Заев е без брада, а во последно време тој го промени имиџот и пушти брада. Дали му е објавена стара фотка, или сепак Заев ја избричил брадата, со оглед на фактот погоре дека и од Владата потврдија дека е на одмор, останува да видиме.