Home News Министерот Филипче ги најави првите конкретни мерки кои мора итно да се...

Министерот Филипче ги најави првите конкретни мерки кои мора итно да се воведат

Во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16.




Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г). Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.




Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.




Министерот за здравство Венко Филипче на утринската координација со членови на комисијата за заразни болести разговараа за состојбата во тетово и се договорија до гккш на владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење.




Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат. Мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење, соопштија од министерството за здравство.

Дневните билтени на нови позитивни со денови кажуваат дека забрзано се шири. Ако пред еден месец броевме по пет нови позитивни, денеска има 378 нови. Бројот пак на активни случаи стигна до 1.618. Најкритиччно е во тетово и скопје.




Раководителот на центарот во тетово за телма вели, болнички кревети има, но веќе е издадена наредба медицинскиот кадар да се врати од одмор, а тие што планираат да не го корстат. Апелира и до другите градови – да внимаваат да не им се случи тетовското сценарио.




За експертската јавност пак мерките се задоцнети. Вчера за телма микробиологот Никола Пановски алармираше дека со вакво неконтролирано темпо на раст до крајот на август ќе имаме по 1.500 нови позитивни дневно.

Смета дека на време не се презеле превентивни мерки како забрани за прослави на затворено и контрола за влез на границите, а сега е предоцна да се сопре ширењето.




Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.




Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб.




Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.




Previous articleЗаев го прекинаа одморот и заедно со Филипче се појавија меѓу жителите на Будинарци (ФОТО)
Next articleСопругата на Стојанче не издржа – Јасминка му одговори во коментар на човек кој пишуваше против нејзиниот сопруг (ФОТО)