Home News Огнен Јанески: Јас да бев пожарникар од Австрија, Словенија веднаш ќе си...

Огнен Јанески: Јас да бев пожарникар од Австрија, Словенија веднаш ќе си заминев штом ќе разберев дека властите отишле на одмор

На социјалните мрежи вчера, се појавија фотографии од функционери, меѓу кои и премиерот Заев, за кои се тврди дека се на одмор, во време кога земјата се соочува со ризикот кој го носат пожарите..




Од Владата потврдија дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.

Сепак, уверуваат дека Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.




Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.




Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.




Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски.




Министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.




Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства
и надлежни институции.

Но денес, Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави фотографии од посета на беровското село Будинарци во чија близина има пожар.




На фотографиите тој е во придружба на министрите за здравство Венко Филипче и за одбрана – Радмила Шекеринска, како и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Очигледно дека го прекинал годишниот одмор.

Сепак, новинарот Огнен Јанески остро реагираше на постапките на функционерите од власта:




„Тоа што сте се вратиле порано и сте си го ,,прекинале предвреме” одморот не ве вади од себичноста и ароганцијата. Пази Бога ти, па уште ,,… предвреме го прекинаа летниот одмор.”.

Па тој не требаше ни да започне, ни во лудило. Тоа ви е работа, за тоа сте платени. Ако вака се однесуваа медицинските работници за време на пандемијата, каде ќе ни беше крајот?




Ама, пак, тие имаа желба да одат на одмор, но, не им дозволивте. Исто како што ние вам не ви дозволивме да ,,уживкате во одморот”. Оти има внатрешен порив за сечија професија, а вам изгледа тоа ви недостасува.

Јас да бев Словенија, Романија, Бугарија, Србија и Австрија, првиот момент кога ќе прочитав дека највисоката власт отишла на одмор, ќе се спакував и ќе си заминев. Ако главните не се тука да се грижат, зошто пак странците би се грижеле.




Ама, ете, им благодариме на сите наши пожарникари, сограѓан(к)и, АРМ, Шумски стопанства, доброволци, ЦУК, ДЗС и останатите, како и на сите странци (особено) за сета вложеност во справувањето со пожарите.“

Previous articleМарија се спакува, замина во Германија и нема намера да се враќа – кажа и зошто
Next articleЗаев го прекинаа одморот и заедно со Филипче се појавија меѓу жителите на Будинарци (ФОТО)