Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во изминатото деноноќие, во повеќе наврати на својот профил на социјалните мрежи, известуваше за моменталната ситуација со по жарите.
-Пожарот во реонот на Пехчево се префрли и во беровско, моментално гори борова шума над с. Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема.
Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецоот и сега огнот почна да се одалечува од селото.
Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со 9 цистерни како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми.
Во целиот овој регион се концетрирани уште многу сили а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот, напиша вчера попладнето Ангелов.
-Во текот на ноќта пожарот имаше променливо темпо, сега е малку стивнат, од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е сеуште активен и силен но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад.
Селото Будинарци е безбедно. Околу 6.00 часот треба да започне интервенцијата на два македонски и два српски хеликоптери а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.
Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија, пишува директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот профил на социјалните мрежи и продолжува:
-Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, напиша утринава Стојанче Ангелов.
Утринава тој постираше уште една објава. Извести за блиска средба со оганот:
„Извидувајки го теренот над селото Будинарци налетавме на тесно грло од крак на пожарот. Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор.
Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот како и мојот возач Дејан Митовски.“
Потоа, попладнето тој напиша дека два македонски и два српски хеликоптери непрекинато, почнувајќи од раните утрински часови, учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожа р во реонот на пехчевската и беровската оштина..
За да се зголеми нивната ефикасност, во близина на местото на кое гаснат, поставивме цистерна со ке -розин и сега наместо да летаат до Скопје за да наполнат гориво полнат до самото место на гаснење со што времето за полнење на гориво е драстично скратено со и можат да се направат значително повеќе летови.
Воедно во и до коритото на реката Брегалница се врши ископ на поголем земјен базен од кој ќе може да се црпи вода со што дополнително е скратено времето на интервенција.
Во овој момент пожарот е под делумна контрола но високата температура. сувата вегетација и силниот ветер можат да ја променат состојбата во секој момент.
Околу 14.00 часот на оваа локација ќе дејствува и романскиот авион чија носивост е околу 6 тони вода за разлика од нашите хеликоптери чија носивост е 2 тона или српските чија носивост е до 1,2 тона.
Присуството на терен на Ангелов е навистина видливо, но во коментари на социјалните мрежи, тој е постојано омаловажуван и исмејуван. Ова не можеше да го трпи неговата сопруга Јасминка, па му одговори во коментар на еден „душегрижник“:
„Господине, мојот сопруг излезе вчера рано наутро во овие истиве алишта што и сега ги носи, му дадов во раце само една маица со кратки ракави.
Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено.
Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80 % во ен инв -алид, и се -чен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа.
Со тастатурно војув -ање не се помага. И запамтеете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата!“