Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, не го поколебаа критиките на негова сметка изминатите денови. Напротив, тој е присутен на терен во реоните каде е нарзично.
Ангелов во изминатото деноноќие, во повеќе наврати на својот профил на социјалните мрежи, известуваше за моменталната ситуација со пожарите.
-Пожарот во реонот на Пехчево се префрли и во беровско, моментално гори борова шума над с. Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема.
Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецоот и сега огнот почна да се одалечува од селото.
Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со 9 цистерни како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми.
Во целиот овој регион се концетрирани уште многу сили а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот, напиша вчера попладнето Ангелов.
-Во текот на ноќта пожарот имаше променливо темпо, сега е малку стивнат, од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е сеуште активен и силен но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад.
Селото Будинарци е безбедно. Околу 6.00 часот треба да започне интервенцијата на два македонски и два српски хеликоптери а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.
Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија, пишува директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот профил на социјалните мрежи и продолжува:
-Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, напиша утринава Стојанче Ангелов.
Пред малку тој постираше уште една објава. Извести за блиска средба со оганот:
„Извидувајки го теренот над селото Будинарци налетавме на тесно грло од крак на пожарот. Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор.
Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот како и мојот возач Дејан Митовски.“