Home Live Тие се разведоа а јас сега не знам дали да одам кај...

Тие се разведоа а јас сега не знам дали да одам кај татко ми во Италија или да останам со мама

Многу ми е тешко додека го пишувам ова. Секој со своите маки, но едноставно нечии се поголеми од други. Секој за себе си вели дека неговиот проблем е најголем и другите не можат да го разберат се’дури не сретне некој со уште поголем, животозагрозувачки проблем.




Јас никогаш не мислев дека ќе имам поголем проблем од потребата за учење, излегување или пак недостаток на пари. Имав убав живот цели 16 години.

Сега имам 19 и ќе ви кажам зошто последниве неколку години ми се вистинска гол гота. Единец сум, уште кога сум се родил спoред кажувањето на моите сум бил во центар на вниманието.




Сите се грижеле за мене, ме сакале, особено родителите не давале ни тронка да падне врз мене. Израснав со многу љубов од семејството и ми беше за пример каде и да отидев.

Повеќето од другарчињата ми љубомореа затоа што толку добро се сложуваме во фамилијата, од наша куќа никогаш не можеше да се слушне кавга или нешто полошо за разлика од други семејства.




Буквално бевме семејство за пример. Покрај толку големо задоволство и среќа учењето ми одеше без мака. Основното и средното образование ги завршив со одличен успех, одев на натпревари и целта ми беше моите родители да се гордеат со мене како јас со нив. Имав големи аспирации да постигнам многу во животот. Ќе продолжев со школувањето.




Но, моето семејство за миг се распадна. Иако од сегашна гледна точка, како што созревам сфаќам дека не настанало се’ во еден миг. Под целата фарса од среќно семејство проблемите се фрлале под тепих и едноставно моите родители глумеле пред мене само за да не ме натажат. Не сфатив тогаш дека тие си имале проблеми кои ги имаат само возрасните.




А толку бев среќен и сега сум многу лут поради тоа што ме разочараа. Моите родители се пред развод. Последниве четири години беа толку лоши за мене што веќе не знам за кого што да мислам.

Тие буквално не разговараа меѓусебе, само за некои формални работи околу куќата. Не спиеја заедно, татко ми доцна се враќаше од работа не сакаа ни во очи да се погледнат.




Јас се повлеков во себе, немав нерви ни да ги прашам зошто се разведуваат иако тие секогаш сакаа да почнат муабет со мене со зборовите “сине, помеѓу нас едноставно не одеше, само ти не’поврзуваше, но..” и јас си легнував во кревет и не сакав да слушам.




Се плашев дека ќе ми кажат нешто што не сакав да го чујам и ќе ми ја расипат убавата приказна за семејството. А тие пак не се караа, немаше викотници, на ептен мирен начин се разделија што мене многу ме зачуди. Лани татко ми веќе не можеше да доседи во молк и замина во Италија да работи.




Не сакав ни да се поздравам со него, немав желба за ништо, не запишав дури ни факултет како што планирав. Мајка ми седнуваше до мене и ми држеше монолог, објаснуваше многу работи за нивниот живот откако си замина татко ми. Мислеле дека со моето раѓање ќе се средат работите меѓу нив, но ете не се случило тоа.




Останав да живеам со неа, татко ми не се противеше што ќе останеме во куќата, ама сега по една година, бара од мајка ми да се исели откако ќе се разведат. Тука е и мојот најголем проблем – и двајцата сакаат да живеам со нив, а јас сум пред избор кој треба да го направам.

Не сум спремен да живеам со ниеден од нив. Сепак полнолетен сум, но не доволно независен за да можам сам да живеам. Се’ уште ги сакам и двајцата но ми зададоа голем удар кој влијае на целиот мој живот и не знам како да се опоравам.




Од една страна си викам ако отидам кај татко ми, ќе искористам барем да живеам во друга земја и полесно ќе најдам работа, а од друга па не сакам ни мајка ми да ја повредам.

Знам дека и со неа нема да ми биде лошо и таа многу ќе се натажи ако заминам. Навистина не знам што да направам. Само деца кои се нашле во ваква ситуација можат да ме разберат. Морам да одлучам што побрзо, или да си најдам работа па да живеам сам под кирија дури не се средам психички.

Previous articleД-р Пановски искрено и разочарано изјави: Јас сум крив што го избркаа колегата од работа
Next articleСтојанче е присутен на терен каде што е најжешко – објави ВИДЕО од блиска средба со оганот