Home News Филипче објасни за каде нема да важат мерките за неимунизирани од 16...

Филипче објасни за каде нема да важат мерките за неимунизирани од 16 август

Денес министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кажа дека во последните седум дена бројот на хоспитализирани пациенти е 150, а од нив под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, но дека нивната состојба е добра.




„Од вкупниот број на примени пациенти, кој што е некаде околу 150, и е значајно е зголемен во изминатите 7 дена, под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, и тоа пациенти во релативно добра здравствена состојба.

Од тука доаѓаме до делот на вакцините. Делта сојот е доминантен, за тој сој е научно потврдено дека за 60-70% побрзо се шири за разлика од Алфа сојот, и детектирана е поголема количина на вирусот.

Дали таа поголема количина ќе придонесе за потешка слика на ковид, се уште не е истражено“, рече Филипче.




Свадбите и прославите на затворено се забрануваат. На кафе, концерт, спортски натпревар, работилници и разни културни манифестации каде има повеќе од 30 присутни ќе се бара потврда за примена најмалку една доза.

Ова се новите мерки кои стапуваат на сила на 16 август и ќе важат за полнолетните лица над 18 години, одлучи денес владата.




Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 97-ма седница, со почеток во 19:00 часот, преку видеоконференциска врска ја одржа редовната 97-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните.

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки:




– До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.




– За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.




– Од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.




– Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).




– Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

– Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.




Попладнево Филипче објасни за каде нема да се бараат сертификати:

-Сертификат засега нема да се бара за влез во трговските центри ниту во фирмите и претпријатијата со над 30 вработени, објасни министерот за здравство Венко Филипче.

Допрва ќе се прават координации со останатите надлежни институции кој и како ќе ги проверува сертификатите на влезот од објектите.




Филипче вели дека овие мерки биле нужни бидејќи нагло се зголемиле бројките на заразени и хоспитализирани а анализите покажале дека болеста најмногу го шират неимунизираните.

Previous articleЛео Меси плачеше како мало дете на пресот за разделба (ВИДЕО)
Next article„Напушти ја Маја партијата, не ја уништувај зелената опција“ – побараа членови на партијата ДОМ