Лео Меси се појави на прошталнио прес на стадионот на Барселона и буквално плачеше како мало дете, не можеше да зборува.
Тој го потврди своето заминување од Барселона на емотивната прес-конференција на „Камп ноу“, на која постојано плачеше.
-Направив се што можев, дури и се согласив да се симне мојата плата за 50 проценти, рече Меси.
Но и тоа не беше доволно. Не можеше ништо да се направи да останам, а многу сакав да останам. Лани на пример не сакав и тоа јавно го кажав, сега сакав да останам, неколку пати повтори Меси.
Меси е принуден да ја напушти Барселона по 21 година бидејќи клубот поради правилата на шпанското првенство не може да си го дозволи договорот кој претходно бил постигнат.
„Јас и моето семејство бевме убедени дека ќе останам овде, дома. Јас со ова завршувам со овој клуб и почнувам нова приказна.
Да, ова е еден од најтешките моменти за мене. Не сакав да го напуштам клубот и ова е момент што не го очекував. Лани сакав да си одам, сега сакав да останам.
Ми се смрзна кр -вта кога ми кажаа дека мора да си одам. Затоа сум многу тажен и сè уште се обидувам да го прифатам сето ова“, изјави 34-годишниот Меси.
Но ќе се вратам, сигурен сум дека ќе се вратам, рече Меси. Ќе се вратам кога на клубот ќе му биде тешко и ќе му донесам успех, сигурно, ова е мојот дом, рече МЕси.
Тој веќе ги почнал преговорите со ПСЖ, каде што би преминал без обесштетување.
„Тоа е можност, но засега ништо не сум договорил со никого. Неколку клуба се заинтересирани и засега само се разговара“, кажа Меси.
„Л‘Екип“ објави дека Меси вечерва или утре ќе има леккарски прегледи во Париз, а новинарот Диего Монроиг откри дека ПСЖ ја резервирал Ајфеловата кула за вторник, што се поврзува со промоцијата на Меси.
Меси ја напушта Барселона по 778 настапи и 672 постигнати гола и со освоени десет титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампионите меѓу вкупно 35 трофеи.
„Ја завршувам мојата кариера овда со големо количество на трофеи. Предложив да ми ја намалат платата за 50%, но клубот има огромен долг и не беше возможно да останам“, заклучи Меси.
😢 L'emoció a flor de pell pic.twitter.com/TBYL232ypv
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) August 8, 2021