Home Live Мери Јордановска: Еден т.н. медиум си го третира Грујо како бивша разубавена...

Мери Јордановска: Еден т.н. медиум си го третира Грујо како бивша разубавена девојка

По силните реакции во јавноста изминатите денови, Премиерот Зоран Заев го прекина одморот и вчера се појави во селото Будинарци, каде пожарникарите изминатата ноќ се бореа со стихијата.




Реакциите во јавноста беа дека Заев не е во државата, во време кога државата се соочува со големи пожари со кои тешко се справува и е прогласена кризна состојба. Тој според владината прес служба требаше да е на одмор до 12 август.




-Во име на пожртвуваноста, професионалноста и солидарноста на сите кои се вложуваат во гаснење на пожарите, повикувам на крајно внимателно и одговорно однесување.

Да спречиме нови пожари, да го заштитиме сечив живот. Забраната за влез во шумите мора да се почитува, за нејзино прекршување следуваат казни.




Низ целата територија на нашата држава има пожари и дел од нив се навистина загрозувачки, како што е овој меѓу Берово и Пехчево. Голем дел од пожарите се локализирани и се под контрола, но опасност сѐ уште постои и затоа секој поединец мора да биде внимателен.




Упатувам голема благодарност до локалното население, за несебичното вложување и пожртвуваност, како и до противпожарните единици, до Армијата, до Полицијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и останатите служби кои управуваат со системите за совладување на природните катастрофи.




Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заеднички со сечива подадена рака ќе ја победиме огнената закана, напиша Заев вчера на социјалните мрежи.




Во Будинарци вчера беше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој активно помагаше во истоварање на камионите со вода, кои неговата партија ги донираше за пожарникарите и населението во кризните региони.




Со народот заедно, до последно згаснатиот пламен. Во с.Будинарци, Берово.Доцна попладнево бев во обиколка на Пехчево и соседните населени места.

Поддршката на населението која ја дадовме беше скромна, но од срце. Продолжуваме искрено и енергично, се до стабилизирање на состојбата, напиша вчера на фејсбук Христијан Мицкоски.




Некои портали пак, се потсетија како беше кога на 6 август 2016 година, се случи големата поплава во скопскиот регион. Беа поставени слики од тогашниот премиер Никола Груевски, кој помагаше во расчистувањето на последиците од поплавата.




Токму оваа носталгија со интересен коментар над веста, ја коментира познатата новинарка Мери Јордановска, која на според неа на таканаречениот медиум, му порача да намали малку со импресиите:

„Едно е да ја критикуваш власта што замина на одмор во сред кризна состојба. Ама друго е, и пресмешно, еден т.н. медиум да си го третира Грујо како бивша разубавена девојка!




Дајте бре луѓе, соберете се, ова е веќе crepy“, напиша Јордановска на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleПоранешниот пожарникар Александар од Штип уште во Јануари предупреди: Не може со Фапови од 1960 да работат луѓето
Next articleСтојанче: Сеедно ми е каде е во моментов Заев – најважно и најбитно е што ние сме во постојана комуникација