Home News „Напушти ја Маја партијата, не ја уништувај зелената опција“ – побараа членови...

„Напушти ја Маја партијата, не ја уништувај зелената опција“ – побараа членови на партијата ДОМ

Се продлабочува раздорот во партијата ДОМ. Од името на 17 општински организации дел од членството побараа оставка од претседателката на партијата Маја Морачанин.




Обвинуваат дека под раководство на Морачанин се напушта идејата на зелена партија, односите се недемократски, нечовечки со што биле разрешени и потпретседателите на партијата Ана Петровска и Мирослав Богдановски. Најавија дека самостојно ќе излезат на локалните избори.




„Маја Морачанин со актуелното раководство се само лица поединци без поддршка од општинските организации на партијата. Истите се интересираат само да приграбат нови позиции, жестоко се пресметуваат со секој неистомисленик.




Од Маја Морачанин бараме оставка. Напушти ја Маја зелената партија, не ја уништувај единствената зелена партија.“. вели Алтипармаковска.

Претседателката на партијата Морачанин ги отфрла обвинувањата и негира дека зад групата која бара оставка од неа стојат 17 општински организации, туку дека тоа се само неколку поединци.




Таа истакна дека на седницата на Централниот одбор било покренато прашањето за нејзината доверба и дека ја добила поддршката од членството. Не очекува дека несогласувањата што беа изнесени негативно ќе се одразат на партијата.




„Не е точно дека 17 општински организации бараат оставка, тоа се десетина поединци кои што немаат право да зборуваат во името на членовите на општинските организации бидејќи членовите на општинските ниту се консултирани ниту воопшто знаат за вакво случување.




Значи, тоа не е точно, тие си зборуваат во свое лично име. Не, одлевање на членството нема да значи затоа што тоа се работи за неколку поединци кои веројатно мотивирани од некои свои лични побуди, но верувам и од некои други политички агенди.“, изјави Морачанин.




Морачанин е на чело на партијата ДОМ веќе две години, откако таа позиција ја напушти Лиле Поповска. Несогласувања се појавија најнапред со пратеникот Мирослав Богдановски кој си даде оставка на пратеничката функција,

а најмногу со неодамнешното разрешување на Ана Петровска од функцијата директор на Инспекторатот за животна средина.




Previous articleФилипче објасни за каде нема да важат мерките за неимунизирани од 16 август
Next articleД-р Тошевска: “Подобро болни а слободни” – тоа на некоја козметичарка или фризерка да и го кажете