Home News Поранешниот пожарникар Александар од Штип уште во Јануари предупреди: Не може со...

Поранешниот пожарникар Александар од Штип уште во Јануари предупреди: Не може со Фапови од 1960 да работат луѓето

Последната недела, нашата земја ја зафатија пожари од размери какви не сме виделе досега. Притоа, на површина излегоа сите аномалии (недостаток, на опрема, механизација…), за кои, да се разбереме, не е виновна само актуелната власт, туку и сите гарнитури претходно, бидејќи овие проблеми не се од вчера.




Алексадар Горгиевски до Штип кој е поранешен пожарникар, а денес хуманист, кој помага во правење куќи на сиромашни и семејства во невоља, во јануари оваа година, по она што се случи во Струмица во Глобал и бројните реакции на социјалните мрежи и медиумите, да даде коментар на социјалните мрежи:




-Не може еден ден у оваа вук оје-бина држава полна со злобен народ да не помине а да не се полнам со негативна енергија читајки коментари од секакви стручњаци кој се експерти за се и сешто у секоја област а 90 % од истиве да ги питаш азбуката не ја знаат од а до ш со живот гарантирам.




Гледам по социјалните мрежи многу ги има плукаат по пожарникарите од Струмица за вчерашниот пожар во Глобал каде луѓето макотрпно се бореа со огнот сеирџии од страна седеа снимаа и место на било каков начин да и помагаат им одмагаа читам злобни коментари без вода отишле вакви или онакви прикаски кој со живот тврдам не се вистинити.




Дали вие што плукате по луѓето сте се запрашале со што се соочуваат тие Пожарникари ширум целата држава и знаете ли дека работат со Фапови од 1960 година и застарена заштитна опрема која е повеќе од 20 години стара а истата е обезбедена од разни донации не дадена од самата држава.

Јас додека бев Пожарникар вој на водев по судови за правата на сите Пожарникари бидејки и самиот бев еден од нив 8 години и многу добро знам со што се соочуваат.




Таа професија за мене е света и секој еден пожарникар у оваа држава е херој а секој еден политичар и владин функционер ОЛОШ бидејки пари у оваа држава има за се само за оваа професија не и ако по некој треба да се плука тоа се ПОЛИТИЧАРИТЕ и владините функционери кој со години со прст не мрднаа да помогнат на овие луѓе .




Утре во 9:00 часот во Општина Штип ке имам директна средба со Др Сашко Николов новиот градоначалник на Општина Штип и јасно и гласно ке му ги посочам сите проблеми со кој се соочуваат моите бивши колеги Пожарникари очигледно е тие што треба да му ги посочат проблемите се грижат само за своите фотељи и нивната командирска плата која е дупло поголема од платата на пожарникарите, напиша во јануари популарниот бате Аце од Штип.




Луѓе сфатете дека основни работи немаат во самите единици а да не зборуваме за друго и добро е некој да му го посочи тоа и на премиерот и на државниот врв а градоначалниците се тие кој треба да притискаат.




Оти при една ваква хава-рија на површина се гледа се не може со ФАПОВИ од 1960 да работат луѓето и со над 20 години стара заштитна опрема со која влагаат у секој пожар не може верувајте ми стремиме кон таа ЕВРОПА но далеку сме многу далеку верувајте ми.




Подршка ПОЖАРНИКАРИ господ да ве чува сите од прв до последен!

Previous articleСекој објект ќе мора да има редарска служба која ќе ги проверува потврдите за имунизација
Next articleМери Јордановска: Еден т.н. медиум си го третира Грујо како бивша разубавена девојка