Home Live Уплатиле летување во грција, а кога стигнале апартманот бил зафатен

Уплатиле летување во грција, а кога стигнале апартманот бил зафатен

Србите, како и Македонците традиционално летуваат во Грција. Особено за нас, нашиот јужен сосед е најблиска дестинација за летно уживање.

Но се случуваат и непријатни работи. Туристи од Србија отпатувале на Крф. Четиричленото семејство од Белград, за малку ќе го загубеше летниот распуст на овој прекрасен грчки остров.

-Сместувањето го резервираа уште во јуни преку позната компанија која се занимава со сместување преку Интернет – „Airbnb“.

Семејство од Белград со две малолетни деца платиле пари на овој портал за изнајмување стан на Крф два месеци однапред, но кога пристигнале на островот, ги чекало изненадување. Непријатно, пишува Блиц.

– Во јуни, резервиравме сместување, за нас четворица, на Крф преку Airbnb. Ги зедоа парите од нашата сметка и уредно не потсетија неколку дена пред патувањето дека аранжманот ќе започне наскоро.

Кога стигнавме таму, се покажа дека резервацијата не постои – започнува приказната за Л.Д., која за прв пат заминала на одмор на Крф со своето семејство. По првичниот шок, следувал нов.

– Сместувањето ја прекинало соработката со „Airbnb“ пред три години, но овие продолжиле да ги рекламираат и да земаат пари – во неверување истакнува соговорникот на Блиц.

Она што е најлошо е што слична судбина се случи и со друго семејство.

– Три семејства пред нас го имаа истиот проблем. Неверојатно е што направиле грешка, нагласува Л.Д.

Морале да платат за ново сместување. Како што вели, веднаш се пожалила на „Airbnb“.

– Им се јавив, тие се извинија, ја откажаа резервацијата и ни ги вратија парите. Сепак, парите се уште не се депонирани на мојата сметка, бидејќи мора да поминат 15 работни дена додека не се случи тоа.

За среќа, имавме доволно пари да платиме за друго сместување – беше огорчена.

– Не можевме да поверуваме кога ни понудија ново сместување каде ноќевање е 950 евра. Мислевме дека се шегуваат со нас. Ги прашав дали можат да платат за моето сместување.

Патем, според договорот, тие се должни да ми најдат друго сместување. Сигурно повеќе нема да патуваме преку „Airbnb“ – заклучува Л.Д.

Previous articleД-р Тошевска: “Подобро болни а слободни” – тоа на некоја козметичарка или фризерка да и го кажете
Next articleЈорданка Ивановска Јоци се потсети на познатата новинарка: Таа беше мојот ментор, ме научи, ме избруси како дијамант