Home News Зоран Заев повторно се огласи од Берово, по соопштението на опозицијата дека...

Зоран Заев повторно се огласи од Берово, по соопштението на опозицијата дека ја напуштил државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денес во соопштение на својот портал, вели дека премиерот Заев, вчера, по сликањето во Беровскиот регион, повторно ја напуштил државата:




-Почитувани, дезертерот Зоран Заев го напушти сопствениот народ. Нема друг случај во Европа каде премиерот дезертирал од својата земја за време на соочување со голема криза.

Во текот на вчерашниот ден влезе во земјава, со лаковани кондури и брендирана блуза од 500 евра се сликаше, и потоа ја напушти повторно земјата и го остави народот на цедило.




Додека со скапиот државен мерцедес го напушташе Берово, огнот се уште ја пепелосуваше земјата.

Се покажа дека не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, само Заев ја напушти земјата.




Потребен е прекин на одморите и итна седница на Собранието на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите.

Дезертерите како Заев треба да одговараат за предавство на својот народ и држава. Со почит.

По ова соопштение, пред околу еден час, Зоран Заев на својот профил на социјалните мрежи постави фотографии од Беровско и напиша:




„Утрово повторно бевме со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите во беровско-пехчевскиот крај.
Внимателно ја следиме ситуацијата во сите кризни подрачја и повторно апелираме за крајна внимателност од секој граѓанин.




Иако изгаснат, огнот сепак знае да тлее и натаму, а смолата од боровите шуми да предизвика повторно палење и загрозување на безбедноста на граѓаните.

Владата на дневна основа ги регулира сите детали околу навремено и рационално распоредување на силите, пожарникарите, војската полицијата и професионалците од шумските стопанства и државните органи со цел да се направи соодветен распоред затоа што летото е уште пред нас.




Се регулираат одлуките за прелетите кон АД „М-НАВ“ за бесплатно користење на нашето небо од странските воздухоплови, а донесена е и одлука за обезбедување керозин, потребни нафтени деривати и други алати за теренски маневар за ЦУК.




Температурите се и натаму високи и можна е појава на пожари и на други места, ако ветрот не се намали.

Затоа остануваме внимателни координирано и фокусирано со сите наши сили, со помошта на граѓаните и со помошта од странските земји се надеваме дека ќе бидат ставени под контрола сите пожари во државата и дека безбедноста на граѓаните нема да биде загрозена.




Previous articleСтојанче: Сеедно ми е каде е во моментов Заев – најважно и најбитно е што ние сме во постојана комуникација
Next articleЛео Меси плачеше како мало дете на пресот за разделба (ВИДЕО)