Home News Јорданка Ивановска Јоци се потсети на познатата новинарка: Таа беше мојот ментор,...

Јорданка Ивановска Јоци се потсети на познатата новинарка: Таа беше мојот ментор, ме научи, ме избруси како дијамант

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, се потсети на својата прерано замината уредничка од некогашниот дневен весник „Вест“:

„ВЕРА АЏИГОГОВА – НОВИНАР, ЗАМЕНИК НА ГЛ.И ОДГ.УРЕДНИК НА ,,ВЕСТ” (2005-2021) На 8 август, на Света Петка, пред 16 години си замина Верче, мојот ментор, учител, пријател..

Секоја напишана реченица во изминативе 20 години, прочитана од јавноста, а и сè напишано во иднина, го должам на неа. ,,не пишувај долго, кој има нерви да чита чаршаф…ставај точки…собери ја мислата….мора да научиш да те разбере секој, не само интелектуалци…оди на терен, на терен се учи, не во канцеларија…не му верувај на тој, тој и тој…”.

Ме научи златен занает! Џабе ви е талент, џабе и ако сте дијамант, ако нема кој да ве избруси. А, Вера беше МАЕСТРО!
Ме научи сè што знаеше во тие пет години додека работевме заедно, а притоа секогаш ме штитеше од исклучитечно напорни и фасцинантно лоши луѓе кои ете – не сакаа млади новинари, а беа уредници. Но, по функција – беа ,,под неа”.

Во мене веднаш виде ,,штоф” само што стапнав во ,,Вест”, летото 2000- та година. Бев уште дете.
Весникот беше формиран од новинари кои го напуштија ,,Вечер”, па често за оние кои учеа новинарство во ,,Вест” велеа дека се ,,вечеровска школа”.

Беше скромна, семејна конзервативна жена, тивка, непушач, не знаеше да пцуе…. Сè спротивно од мене.
Еднаш со Маја, мојот новинарски компањон, за роденден и` купивме букет, но по нејзина наредба – моравме да и` го дадеме вон редакција. Не сакаше таа наша блискост да биде толку очебијна пред другите. Со сите други имаше професионална дистанца.

Никогаш за ништо не ме прекори, други знаеше и да ги казнува.

Ме научи да бидам ѕвезда и ништо подолу од тоа да не прифаќам во животот. Да не ме занима кој, што мисли за мене и ништо службено да не допира до мене.

Но, дочека неколку високи награди од своите ученици Верче…ти благодарам за сè. Ете….избруси дијаманти!
П.С: Уште ти го паметиме јас и Маја оној твој совет кој ни го даде во ,,Галија”.

Previous articleУплатиле летување во грција, а кога стигнале апартманот бил зафатен
Next articleПроф. Даниловски: Да се бара потврда за имунизација со само една доза, нема никаква епидемиолошка смисла