По реакциите во јавноста, околу најавата од властите дека сертификатот за имунизација ќе значи влез за одредени институции, денес министерот за Здравство Венко Филипче објасни дека ние не измислуваме „топла вода“.
Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати. Тука се Италија, Франција, САД кадешто на ист принцип ги ограничија граѓаните за присуство на јавни места, вели Филипче..
Еве го неговиот статус на социјалните мрежи:
„Сертификатот за вакцинација во се повеќе земји низ светот станува секојдневие.
Со цел да се стави под контрола рап идното зголемување на бројот на заразени и да се спречи преоптоварување на здравствените системи, земјите воведоа здравствени сертификати за непречено користење на јавните места и услуги.
Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати. Тука се Италија, Франција, САД кадешто на ист принцип ги ограничија граѓаните за присуство на јавни места.
Во Италија вработените кои не се имунизирани по 5 последователни дена присуство на работа се суспендираат и не го остваруваат правото за добивање плата бидејќи претставуваат ризик за останатите граѓани.
За разлика од други земји каде за одредени категории професии вакцинацијата е задолжителна, кај нас истата е право на избор.
Кај нас се потенцира важноста за вакцинација со цел да ги поттикнеме оние кои се двоумат или имаат дилема околу вакцинирањето. Вакцините се безбедни и ефикасни и штитат од компликации на болеста и упокојување.
Само со масовна имунизација ќе го спречиме ширењето на новите мутации на вирусот.“