Home News Мицкоски до Стојанче: Кај си бе директоре, добар ли си? (ВИДЕО)

Мицкоски до Стојанче: Кај си бе директоре, добар ли си? (ВИДЕО)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, бара од граѓаните да го остават Главниот штаб да си ја врши работата, што доаѓа по низата сугестии и барања за интервенции со хеликоптери за брзо гаснење на пожарите.




Ангелов вели дека имаат помош од граѓаните, но товарот за гаснење паѓа кај државните институции..

„Апелирам до граѓаните, убаво е да апелираат и да делат совети, но да остават на Главниот штаб да си ја врши својата работа. Бидејќи постојано сме предмет на критики од страна на опозицијата, поканувам претставник на Комисијата за одбрана во Собранието да дојде и да присуствува на седниците на Главниот штаб.




Отворена покана до ВМРО-ДПМНЕ, нивни претставник од Комисијата да дојде да присуствува и одблиску да ја набљудува работата на Главниот штаб. Можеби тоа ќе помогне за да сфатат дека работата не е стихијна, дека имаме целосна контрола“, вели Ангелов.




Тој кажа дека не е точно дека секаде локалното население ги гасне пожарите, но дека имаат своја улога во помошта.

Инаку пред два дена во Беровско, Стојанче Ангелов, имаше средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тие во таа прилика, начелно се договорија дека и опозицијата да се вклучи со своите совети во гаснењето на пожарите.




Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ постојано го критикува начинот на кој ЦУК се соочува со ситуацијата со пожарите, директорот Стојанче Ангелов, ја покани партијата на Христијан Мицкоски да предложи член кој ќе учествува на седниците на Централниот штаб.

Мицкоски: Кај си бе директоре, добар ли си?

Ангелов: Добар, вие?




Мицкоски: Ќе ја биде ли? Благодарејќи на луѓево, барем локализираа.

Од ВМРО-ДПМНЕ прифатија. Ќе предложат нивен член за овој орган, и се надеваат дека нивните предлози ќе бидат прифатени.




Арсовски, исто така, рече дека сегашното тело кое раководи со гаснењето на пожарите нема идеи и предлози за превенција и дека нема никаква координација, а се е оставено на помош на странците, пожарникарите од нашата држава и мештаните.




Директорот на ЦУК, Ангелов, иако признава дека ресурсите се ограничени, вели дека тие се доволни за да се соочат со пожарите.

Тој посочи дека она што најмногу недостасува се хеликоптерите, кои работат според приоритетната листа, првично одејќи таму каде што ризикот е најголем.




Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleЕрол Ерко Одисеја: Ние сме тие – кои пекаа зошто вакцини нема, а одбиваме да се вакцинираме
Next articleД-р Ефкоски: Зет и невеста знаеле дека се позитивни, ама ја истерале свадбата