Home News Германија оди чекор понапред во настојувањето што повеќе луѓе да се имунизираат...

Германија оди чекор понапред во настојувањето што повеќе луѓе да се имунизираат – се размислува да се укинат бесплатните тестови

Сертификатот за вакцинација во се повеќе земји низ светот станува секојдневие.




Со цел да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени и да се спречи преоптоварување на здравствените системи, земјите воведоа здравствени сертификати за непречено користење на јавните места и услуги..




Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати. Тука се Италија, Франција, САД кадешто на ист принцип ги ограничија граѓаните за присуство на јавни места.




Во Италија вработените кои не се имунизирани по 5 последователни дена присуство на работа се суспендираат и не го остваруваат правото за добивање плата бидејќи претставуваат ризик за останатите граѓани.




За разлика од други земји каде за одредени категории професии вакцинацијата е задолжителна, кај нас истата е право на избор. Кај нас се потенцира важноста за вакцинација со цел да ги поттикнеме оние кои се двоумат или имаат дилема околу вакцинирањето.




Вакцините се безбедни и ефикасни и штитат од компликации на болеста и смртен исход. Само со масовна имунизација ќе го спречиме ширењето на новите мутации на вирусот, напиша вчера министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на социјалните мрежи.




Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19.




На помалку од седум недели пред федералните избори, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 федерални држави ќе се обидат да се договорат за мерките за да се избегне нов бран инфекции, предизвикани од позаразниот делта сој, а со тоа да се спречат непопуларни ограничувања.




– Сакаме и ќе тестираме уште повеќе за да избегнеме ново затворање, истакна Лашет, кој е и кандидат за наследник на Меркел.

Нацрт-документот подготвен за денешните разговори сугерира дека луѓето кои не биле вакцинирани или заболени од оваа болест мора да имаат негативен тест на Ковид-19 за да можат да влезат во рестораните, да учествуваат во верски церемонии и да спортуваат во затворени простории.




Според документот предложен во октомври, бесплатните тестови за коронавирус треба да се укинат во обид да се поттикнат повеќе луѓе да се вакцинираат, откако Германија во март обезбеди бесплатни тестови за сите за да го забрза враќањето во нормален живот по заклучувањето и завршувањето на третиот бран на Ковид 19.




Досега во Германија вакцинирани се околу 55 проценти од граѓаните се се целосно имунизирани, но во моментот значително е забавено темпото на вакцинација.

Previous articleПо најавата на мерките од 16, вчереа и денес редици и турканици за имунизација
Next articleСитуацијата со вирусот станува сериозна, никој не очекуваше вакво рапидно зголемување на нови случаи