Home News ИЗРАЕЛ: Какви се симптомите по примањето на третата доза

ИЗРАЕЛ: Какви се симптомите по примањето на третата доза

Израел беше првата држава во Светот, која со две дози од вакцината Фајзер, имунизираше огромен број од своето население.

Кога се чинеше дека ковид „приказната“ е завршена, се појави Делта сојот, кој се покажа како повирулентен и поотпорен на вакцините, па ситуацијата почна да се комплицира насекаде во Европа и Светот.

Сега повторно Израел, е една од првите земји кои се одлучија на своето население да му дадат трета доза од вакцината, која би служела како бустер и дополнително би ги заштитила.

Повеќето луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 покажале нуспојави слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажало иницијално истражување во Израел.

Израел, пред околу десет дена почна да нуди трета доза од вакцинација на луѓето постари од 60 години, како дел од напорите да се забави ширењето на многу заразна делта варијанта на висурот. Тоа земјата ја претвори во полигон за тестирање на третата доза, пред таа да биде одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, вчера соопшти дека вакцинирала повеќе од 240.000 луѓе со третата доза на вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“. Околу 4.500 лица, кои веќе ја примиле третата доза, во периодот од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата и биле вклучени во истражувањето.

Осумдесет и осум проценти од учесниците во истражувањето кажале дека се чувствуваат „слично или подобро“ во деновите по добивањето на третата доза во споредба со тоа како се чувствувале по втората доза.

Триесет и еден процент пријавиле некои несакани ефекти, а најчеста била болката на местото на инјектирање.

Околу 0,4 проценти од испитаниците рекле дека страдаат од тешкотии при дишењето, а еден процент изјавиле дека побарале лекарска помош поради еден или повеќе несакани ефекти.

Шефот на одделот за истражување на Клалит, Ран Балисер, изјави дека резултатите, иако се „првични и самопријавени“, овозможуваат споредување на несаканите ефекти со втората доза и „излегува дека во повеќето случаи тие се слични или помали во трета доза “.

Previous articleСтипе Месиќ: Ниту Тито, ниту некаква Коминтерна го создала Македонскиот јазик
Next articleНајмоќните жени се родени во овој хороскопски знак