Home News Ситуацијата со вирусот станува сериозна, никој не очекуваше вакво рапидно зголемување на...

Ситуацијата со вирусот станува сериозна, никој не очекуваше вакво рапидно зголемување на нови случаи

Состојбата со ковид во нашата земја станува сериозна. Здравствените работници ги загрижува фактот што многу брзо, само за неколку денови, бројот на дневно – дијагностицирани позитивни расте со многу голема брзина.




Ако вака продолжи експоненцијалниот раст, ќе се случу удвојување на позитивните на секои неколку денови.

Направени се 5.809 тестови преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово–73, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0.




ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-242, Биотек-241, Систина-90, лабораторија Лаор-622, Синлаб-79, Ремедика-17, Плодност–76, Генеа–8, Никоб лаб-830, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.805.




Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.




Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 69649, Активни 832, Куманово 9099, Активни 180, Прилеп 8358, Активни 28, Тетово 8026, Активни 662, Битола 6387, Активни 69, Велес 5494, Активни 18, Гостивар 5501, Активни 294, Кавадарци 5183, Активни 25, Охрид 5072, Активни 51, Штип 4980, Активни 15, Струмица 4204, Активни 72, Струга 3039, Активни 56, Кочани 2822, Активни 26, Кичево 2723, Активни 115, Гевгелија 2199, Активни 2, Неготино 2184, Активни 0.




Свети Николе 1530, Активни 3, Ресен 1240, Активни 6, Крива Паланка 1229, Активни 2, Радовиш 1178, Активни 14, Берово 1048, Активни 15, Делчево 977, Активни 3, Дебар 1008, Активни 54, Виница 895, Активни 9.

Пробиштип 791, Активни 2, Валандово 677, Активни 8, Богданци 494, Активни 0, Крушево 490, Активни 0, Демир Хисар 400, Активни 0, Демир Капија 397, Активни 1, Кратово 377, Активни 0, Македонски Брод 370, Активни 11, Пехчево 278, Активни 7, Македонска Каменица 250, Активни 1, Дојран 132, Активни 0.




Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.




Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 поч инати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.




Previous articleГерманија оди чекор понапред во настојувањето што повеќе луѓе да се имунизираат – се размислува да се укинат бесплатните тестови
Next articleВо Париз почна да се спроведува она што кај нас ќе почне на 16 – еве како изгледа кога ќе седнете во кафеана