Home News Во Париз почна да се спроведува она што кај нас ќе почне...

Во Париз почна да се спроведува она што кај нас ќе почне на 16 – еве како изгледа кога ќе седнете во кафеана

Од 16 август, кај неас почнуваат да се спроведуваат мерките кои ги предвиде Комисијата за заразни болести, а ги прифати Владата, за заштита од новиот бран на корона вирусот, кој деновиве почна во нашата држава.




Во некои Европски земји, веќе почнаа слични мерки. ТВ 21 пренесува како е во Француската престолнина, Париз.

-Седнуваш во кафуле или ресторан, пред да бидете услужени и да го слушнете она добро познато повелете, што ќе нарачате, келнерот ќе ви побара ковид пасош.




Откако ќе покажете дека сте вакцинирани, дури тогаш ќе можете да се напиете кафе, да нарачате јадење и да се дружите.

Во Франција почна да се спроведува мерката, во угостителски објект само вакцинирани.




„Слушајте, ние се прилагодуваме. Бевме информирани од бројни извори на информации. Знаевме дека треба да го покажеме ова и тоа не претставува никаков проблем“, истакна Миријан Кармасин.




„Ова навистина воопшто не ме вознемирува откако имам здравствена исправа. Не ми требаше многу време, но забележувам дека денес има помалку луѓе во споредба со вообичаено на улиците и терасите“, посочи Соња Хамиче.

Но, на сопствениците на рестораните им е непријатно. Велат, наместо да придонесат луѓето да бидат опуштени и да уживаат, тие мора да им бараат ковид пасош.




„Секој има своја професија. Јас сум угостител. Тука сум за да им овозможам луѓето да се чувствуваат добро, опуштено , но кога ќе пристигнат, веднаш ги барам нивните лични документи, всушност, не е тоа, туку пропусницата, пропусница за да се напијат нешто или да јадат, ова ме повредува.

Всушност, ова многу повредува“, додава Пјер Арно.
Освен во кафулиња, во Франција е потребен пасош и за метроа, концерти, театри, натпревари.




Од, 16ти август вакво нешто ќе се случува и кај нас.

„Ако сакате да одите во кафуле, вакцинирајте се…“, вели Крешник Бектеши.

Почнувајќи од 16 август, во затворени простории во угостителските објекти не смее да има гости. А сертификат за вакцинација ќе се бара и во отворените простории каде има над 30 лица.




Угостителите се задолжени да ангажираат редари кои на влезот ќе бараат сертификати за примена вакцина. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, но сепак објектот ќе биде контролиран од Инспекторатот,




па ова може да се протолкува дека и во објектите со помал капацитет, за да влезете, ќе ви биде потребен сертификат за примена вакцина.

Previous articleСитуацијата со вирусот станува сериозна, никој не очекуваше вакво рапидно зголемување на нови случаи
Next articleПред малку Стојанче соопшти многу добра вест: По неколкудневна борба, пожарот кај Будинарци е совладан