Home News Ана Глигорова: Да ве прашам, во ЈСП автобусите и во школо кога...

Ана Глигорова: Да ве прашам, во ЈСП автобусите и во школо кога ќе ви се налупаат над 30 деца во тесна училница ќе барате ли сертификати?

Ана Глигорова на својот профил на социјалните мрежи, вчера и денес во два свои поста, прво проговори за мерките кои се воведуваат од 16-ти, а потоа и за образованието кај нас:

„Нашиот образовен сиситем не е по фински терк, без стресови, милиони тестови, безброј папагалски информации, туку развивање на афиниети. Се борат против булинг и развиле цела стратегија како тоа да функционира во секојдневието..

Кај нас постои образовна мафија, дел од наставниците, директорите, родителите, вработени во МОН кои работат за свој личен профит. Оценки се продаваат за пари, уцени кон наставницџи, прав пазар на души.

Нема тука борба за подобри услови во школите (нови и чисти тоалети, вентилација, големи училници, хигиена) , бесплатен превоз со ученички автобуси (се отепавме од плаќање на арачи кон државата) и секако нема никаква желба да создаде нов образовен модел во кој афинитетите ќе се развиваа без дискриминација.

За децата школото е малтретирање, или одат да малтретираат други деца. Ретко се големите другарства, побогу спортските сали ги издаваат на разно разни приватни фирми, спортот е скапа играчка.

Со ваков образовен систем одaмна требаше масовно да протестираме, сите заедно, да го бојкотираме. Сега треба плус на сите гадости да ги праќаме децата да се заразуваат. Најнов експеримент на македонскиот здравствен и образовен систем, Експеримент под кодно име – ИНФАРКТ. Нон Пасаран.“

„Од 16 ти започнува забрана за присуство на невакцинирани во кафичи, спортски сали, конференциски сали, фитнес центри,…Демек лимитот бил 30 луѓе.

Да прашам-во автобус градска линија преполна 2, 5 , 19,23 некој се вози секој ден, ќе му барате ли сертификат за вакцинација? Во фабрички хали ќе барате ли?

Во школо кога ќе ви се налупаат над 30 деца во тесна училница што ќе правите? Ќе му речете на вирусот да не доаѓа таму? Глупаво е ова со сертификатите или јас сум глупава?“

Previous articleД-р Пановски со позитивни вести: Во овој бран ќе има позитивни многу, но не очекувам многу хоспитализации
Next articleНајчевска му одговори на Груби, кој вели: “Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од вработувањето на Албанците во државната администрација