Home News Битолскиот професор Дејан Трајковски со прашање до надлежните: Дали за концертот на...

Битолскиот професор Дејан Трајковски со прашање до надлежните: Дали за концертот на Цеца ќе се бараа сертификати за имунизација?

Професорот од Битола Дејан Трајковски, кој се занимава со анализирање на официјалните ковид бројки, завчера на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„…Доколку услов за одење на свадба во затворен простор беше вакцинираноста со две дози и изминати две недели по втората доза, тоа би имало логика и некаков ефект врз намалувањето на преносливоста на вирусот и зауздувањето на епидемијата..

Вака, одењето на свадба по само една примена доза, без ден чекање, нема апсолутно никаква епидемиолошка ни здраворазумска логика, освен да се сфати како начин луѓето да се мотивираат или наградат за вакцинацијата.

За ограничување на растот на бројките не станува ни збор. Напротив, луѓето дополнително ќе се охрабрат за разуздано однесување и ќе ја разгорат епидемијата. Од каде им текнуваат само вакви работи…

Денешните гужви на вакциналните пунктови, еден ден по донесувањето на одлуката, покажуваат дека на луѓето им е поважно одењето во кафеани од сопственото здравје (или пак досега не верувале во корона вирус, па вакцината ја доживуваат како обична формалност за одење на такви ризични места).

Во меѓувреме, здравствените власти повторуваат како расипана грамофонска плоча: „Граѓаните се виновни поради непочитување на превентивните мерки“.

Всушност власта е таа што е виновна, затоа што дозволува собирање во затворени простории и тоа без маски и одржување минимално растојание.“

Дејан Трајковски во коментар на својот пост, го постави плакатот од најава на концерт на Балканската ѕвезда Цеца во Пробиштип и постави прашање до надлежните:

Дали за тука ќе се бараат вакцинални сертификати за прва доза?

Во соопштението до Владата јасно стои дека секаде каде што има повеќе од 30 гости, ќе се бараат сертификати. Па така, најверојатно тука спаѓаат и концертите:

„Свадбите и прославите на затворено се забрануваат. На кафе, концерт, спортски натпревар, работилници и разни културни манифестации каде има повеќе од 30 присутни ќе се бара потврда за примена најмалку една доза.“

Ова се новите мерки кои стапуваат на сила на 16 август и ќе важат за полнолетните лица над 18 години, одлучи пред неколку дена Владата.

Previous articleЃорѓи Спасов распали по Артан Груби: Неговото образложение е како оние на Груевски од времето
Next articleПознатиот имунолог Попадиќ открива кој треба да прими трета доза