Home News Д-р Пановски со позитивни вести: Во овој бран ќе има позитивни многу,...

Д-р Пановски со позитивни вести: Во овој бран ќе има позитивни многу, но не очекувам многу хоспитализации

Вчерашните бројки со вирусот, за првпат по почетокот на овој нов бран, беа сериозни и го вклучија алармот кај надлежните, во насока на максимална превенција за да не се повторат сликите од претходно.

Во последните 24 часа беа направени 5.809 тестирање, и беа регистрирани 518 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 поч инати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

Она што ја разликува Македонија од многу други земји, вели Пановски, е тоа што огромен процент од населението стекнало имунитет по природен пат, прележало ковид, и тоа се покажало во јуни и во јули, кога речиси и да немаше случаи на корона во државава.

„За разлика од министерот за здравство, Венко Филипче, јас сум убеден, можеби затоа што сум повозрасен и имам повеќе искуство, дека природно стекнатиот имунитет со прележување, дали симптоматски или асимптоматски, е подобар од која било вакцина.“

Професорот вели дека ако вакцината два-три месеци на почеток штити повеќе, по 10 месеци или по една година прележаните, според него, се позаштитени.

Тој очекува далеку помирен бран во смисла на хоспитализирани пациенти од ковид и смртни случаи, бидејќи покрај огромниот број прележани, според него, 25 проценти од населението е вакцинирано.

Пановски калкулира со проценката дека во државава има далеку помалку жители отколку што покажуваат старите пописни податоци и затоа реалниот процент на целосно вакцинирани, според него, е повисок од оние официјални 20 отсто.

„Болеста ќе се шири, меѓутоа нема да има толку хоспитализирани и смртни случаи. Бројот на смртни случаи ќе биде најмалку петпати помал, да не речам и десет. А, бројот на позитивни може да биде и 1.000 и 2.000, и тоа воопшто не ме плаши.“

За него сега најважно е да се заштитат возрасните со хронични болести, кои не прележале и кои од најразлични причини не смеат или не сакаат да се вакцинираат.

„Ако се тие некаде по селата, не е страшно, меѓутоа ако се во град, тие се изложени. Нив болеста некој ќе им ја донесе дома, колку и да се чуваат“, изјави меѓудругото д-р Пановски во поопширно интервју за Призма.

Previous articleМеси се огласи од Париз и кажа дека не ќе може вднаш да игра, образложи зошто
Next articleАна Глигорова: Да ве прашам, во ЈСП автобусите и во школо кога ќе ви се налупаат над 30 деца во тесна училница ќе барате ли сертификати?