Home News Меси се огласи од Париз и кажа дека не ќе може вднаш...

Меси се огласи од Париз и кажа дека не ќе може вднаш да игра, образложи зошто

Лионел Меси зборуваше на официјалната презентација во таборот на ПСЖ. Аргентинскиот виртуоз беше претставен на медиумите, на првата прес-конференција во новиот клуб.

Сосема очекувано, тој започна со пофални зборови за новата средина.

„Заминувањето од Барселона беше тешко, но јас сум среќен што се приклучив на ПСЖ. Ова е сериозен клуб со амбиции кој има топ тим..

Тие дојдоа да преговараат, беа брзи и сериозни, веднаш по објавата на Барса. Не знам кога ќе почнам да играм, сега доаѓам од одмор.

Немам тренирано еден месец и ќе ми треба време. Се надевам дека што побрзо ќе се вратам, едвај го чекам денот пак да играм.

Сакам да им се заблагодарам на сите парижани за дочекот, ми помогнаа да се развеселам. Верувам дека заедно ќе минеме убави моменти“, изјави Меси.

Меѓу другото, аргентинскиот ас зборуваше и за целите на овој тим, за кој имаше пофални зборови.

„За освојување на Лигата на шампионите одлучуваат детали. Тоа е навистина тешко натпреварување. ПСЖ добро знае како треба, неколку пати беа близу.

Ќе ни треба единство и тимски дух, ама и доза на среќа. Дали сме фаворити во Лигата на шампионите? Мислам дека имаме страшно силен тим.

Можам да помогнам и ќе го дадам максимумот. Реков дека сонувам уште еден трофеј во тоа натпреварување“, продолжи Меси.

На прашањето за влијанието на Нејмар при овој трансфер, играчот одговори потврдно. Исто така, објасни дека и други идни соиграчи влијаеле на одлуката.

Previous articleПознатата Холивудска актерка откри дека има тешко заболување: Ве молам за приватност
Next articleД-р Пановски со позитивни вести: Во овој бран ќе има позитивни многу, но не очекувам многу хоспитализации