Home News Општина Карпош: Лага и дезинформација е дека ќе се руши „Борис Трајковски“

Општина Карпош: Лага и дезинформација е дека ќе се руши „Борис Трајковски“

По информациите на социјалните мрежи, дека е можно рушење на дел од објектот СРЦ „Борис Трајковски“, се огласија од Општина КАрпош со остар демант на ваквите, како што велат тие, дезинформации:

ЛАГА Е ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА ЌЕ СЕ РУШИ С.Ц. „БОРИС ТРАЈКОВСКИ”

Целосна лага е информацијата дека ќе се руши Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која се споделува преку Facebook страницата „Заштита на спортскиот центар Борис Трајковски”.

Нема да има рушење на ниту еден дел од спортскиот комплекс и тоа е лесно проверливо..

Во постапка е детален урбанистички план за тој дел, но истиот воопшто не предвидува никакво рушење туку изведба на сообраќајници и инфраструктура за поврзување на потегот.

Општина Карпош е отворена за комуникација со сите граѓани и медиуми. Секоја вест треба да е аргументирана и базирана на реални факти.

Ги повикуваме и политичките партии и чинители на локално ниво, да не шират лажни вести меѓу граѓаните.

Предизборниот период не смее да биде мотив за експанзија на лагите и политичките злоупотреби. Ви благодариме на разбирањето.

Previous articleПознатиот имунолог Попадиќ открива кој треба да прими трета доза
Next articleПознатата Холивудска актерка откри дека има тешко заболување: Ве молам за приватност