Home Live Ова е семејната приказна на Мими од Велес која учествуваше на „Звезде...

Ова е семејната приказна на Мими од Велес која учествуваше на „Звезде Гранда“

Мими Јовановска, младата пејачка од Велес го фрли жирито на „Звезде гранда“ во Белград во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат.

Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”.

Мими вели дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.

Новата ѕевзда на „Звезде гранда“, вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот.

„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.

– Тие ми се голема поддршка, сакам да се искрени со мене, што и да има лошо да ми кажат“, рече Мими за пријателите. Потоа за Мими зборуваше нејзината пријателка Марија.

– Покрај толкава гламурозна сцена, Мими си е иста останата. Искрено, со толкава поддршка од блиските Мими е стасана каде што е.

Во слободно време заедно ги читаме пораките од обожавателите и им одговараме“, изјави другарка на Мими за неа.

Другарката потоа раскажа за големото изненадување кое што таа и пријателите ѝ го подготвиле, а Мими била во голем ш ок, но позитивен.

– Мајка ѝ и нејзиното братче живеат во Шведска и повеќето од времето се разделени отколку што се заедно.

И договоривме мајка ѝ да дојде без таа да знае. Ѝ викам: Мими, може ли да се видиме на кратко? А таа ми вели: Морам да одам во Велес. А мајка ѝ беше веќе пристигната. Ѝ реков, Мими, врати се, многу ми требаш.

Се врати, и со ова можам да кажам дека е вистинска другарка. Ѝ приредивме големо изненадување, и не знаеше каде се наоѓа“, рече нејзината добра пријателка Марија, и ја праша Мими дали е спремна за уште едно изненадување.

На ова Мими одговори: „За мене тоа беше навистина голем шок. Не знаев каде се наоѓам.

Се немав видено со мајка ми долго време, повеќе од една година, и кога се појави позади мене…“. Пејачката од преголема возбуда не успеја да ја заврши реченицата.

Потоа зборуваше дека со својата мајка има близок и пријателски однос.

Спомена дека мајка ѝ ја пријавила на „Звезде Гранда“, а таа не ни знаела и се изненадила кога ѝ се јавиле, но сепак знаела дека мајка ѝ стои зад ова.

Мими рече дека ѝ драго што ја препознаваат на улица и сакаат да се сликаат со неа.

Previous articleДаниела Темелковска монотонијата си ја разбива во двор со комшијата (ВИДЕО)
Next articleЖељко и Цеца со мајка и – ретко видено ФОТО од младоста на пејачката