Познатата американска актерка Кристина Еплгејт преку Твитер откри дека боледува од мултиплекс склероза.
Мултиплекс склерозата е невродегенеративна и автоимуна болест во која имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка или миелинот што ги покрива нервите, што доведува до нарушена комуникација помеѓу мозокот и остатокот од телото.
– Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Беше необично патување, но имав голема поддршка од пријателите и познаниците кои исто така ја имаат таа дијагноза.
Беше тешко патување. Но, како што сите знаеме, патот продолжува. Освен ако не го блокира некој ш ****, напишала таа.
– Како што вели еден од моите пријатели со МС. Да се разбудиме и да направиме одредени активности. И тоа го правам. Од таа причина, сега ве молам за приватност додека минувам низ ова, рече таа.
На холивудските актерки Селма Блер и Џејми-Лин Сиглер им била дијагностицирана мултиплекс склероза пред неколку години.
Аплгејт е најпозната на домашната јавност по улогата во легендарната серија „Брачни води“, и постојано добива номинации за Златен глобус или Еми за серијата „Dead to Me’, ‘Samatha Who?’ и ‘Jesse’, , а за епизодната улога во „Пријатели“ освои Еми.