Home News Бојко Борисов кажа што ќе направат доколку го добија мандатот за состав...

Бојко Борисов кажа што ќе направат доколку го добија мандатот за состав на Влада

Политичката криза во Бугарија се продлабочува, а земјата забрзано се движи кон нови избори. Дури од втор обид,




Бугарискиот парламентот, изгласа прекин на постапката за избор на влада на „Има таков народ“ откако претходно, кандидатот за мандатар Пламен Николов, најави повлекување.

Дискусијата ја одбележаа обвинувањата меѓу народните избраници а пратениците на „Има Таков Народ“ одбија да учествува во гласањето нарекувајќи ја целата процедура фарса…




Од партијата порачаа дека нема да поддржи нов мандат, со што се отвора патот за нови предвремени парламентарни избори.

„Откако деновиве зборувавте за историска шанса, сега имаме шанса да направиме нешто. Престанете да не обвинувате, ние не сме проблем, ние сме решение за проблемот. Но, ова очигледно ќе се надмине на следните избори.“ – изјави Ивајло В’лчев – Пратеник од редовите на „Има Таков Народ“.




Бугарскиот претседател Румен Радев сега може да ја продолжи постапката за доделување на мандат на втората партија според бројот на освоени гласови на последните избори…ГЕРБ на Бојко Борисов ќе има нов обид за формирање влада.

Екс премиерот на Бугарија веќе најави дека ако мандатот дојде во нивни раце, ќе го престават нивниот кандидат Даниел Митов, но веднаш потоа ќе го вратат мандатот.




„Ако мандатот дојде кај нас, ќе го претставиме нацрт-кабинетот на Даниел Митов, затоа што сме отворени и сакаме граѓаните да знаат што предлагаме, ама веднаш откако ќе го презентираме ќе го вратиме мандатот.“ – изјавиу Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.




Од Бугарските Социјалисти, третата по големина партија во парламентот, велат дека ако го добијат мандатот од претседателот Радев, отворени се за соработка со останатите партии во обид да дојдат до мнозинство во парламентот.




„Ова е кризна ситуација, но се надевам дека ќе покажеме здрав разум. Избори на прагот на зимата кога над нас виси криза со коронавирусот, проблеми со буџетот, економска и социјална криза, ќе биде голем тест за сите нас.“ – изјави Корнелија Нинова – претседателката на БСП.




Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев пак предупредува дека сето ова што се случува на политичката сцена во Бугарија, може да има негативно влијание врз стабилноста на земјата.




„За да се избегне напнатост наесен, пратениците нека се сетат на желбите и потребите на луѓето што ги изгласаа.“ – изјави Стефан Јанев привремен премиер на Бугарија.

И додека Софија се чини дека секој ден е се поблиску до нови избори, Македонија секој ден е подалеку од ЕУ, поради фактот што кризата во Бугарија, не може да резултира со решени за Скопје.




Previous articleБране бара Левица на Апасиев да се извини за изнесените лаги: Претседателот нема да учествува на приватната забава
Next articleГлавната научничка во Фајзер кажа после колку месеци е потребна трета, БУСТЕР доза